Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Филков

IMG_6606

Министерот Филков на средба со раководителот на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, Олег Солдатов

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со раководителот на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, Олег Солдатов и претставници од Програмската канцеларија на Совет на Европа.На средбата се дискутираше за соработката на Министерството за правда за проектите кои се имплементираат во рамките на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, а се поврзани со работата на Министерството за правда.Министерот за правда изрази подготвеност да се продолжи со интензивна соработка во областа на бесплатната правна помош, зајакнување на капацитетите на затворскиот систем, слободата на изразување и медиумите, борбата против трговијата со луѓе, економскиот криминал , борбата против говорот на омраза, нетолеранцијата и дискриминацијата.Министерот истакна дека соработката и поддршката на Советот на Европа е исклучително важна и значајна , сите области ќе бидат опфатени подеднакво и ќе се пристапи со заедничка соработка за успешно реализирање.

Македонија | пред 1 година

filkov

Филков - Оцука: Довербата во правосудството е основа за зајакнување на бизнис односите меѓу двете држави

,,Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорот на Јапонија, Казуја Оцука на која се дискутираше за реформите во правосудството, состојбите во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители , владеењето на правото и борбата против корупцијата.На Министерството за правда му претстојат многу предизвици чија крајна цел е зголемување на довербата на граѓаните во правосудството. Таа доверба е основа за зајакнување на бизнис односите меѓу двете земји.Од страна на Амбасадорот Оцука беа посочени и идентификувани состојбите во правосудниот систем за кои со министерот се согласија дека се потребни брзи и итни реформи. Беше разговарано за конкретни насоки како да се постави правосудството на независна основа.Оваа година се навршуваат 30 години од билатералната соработка на нашата држава со Јапонија. Предвидено е во наредниот период таа да се продлабочи како и да се разменат искуства од областа на правото.", информираат од Министерството за правда.

Македонија | пред 1 година

IMG_6525

Филков: Грција е наш поддржувач на патот кон ЕУ

Министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со амбасадорката на Грција во нашата земја, Софија Филипиду на која се дискутираше за одличната билатерална соработка која ја имаме во изминатиот период во различни области.Се разговараше за реформите во правосудството , владеењето на правото, како и соработката на Академиите за судии и јавни обвинители на двете држави што ќе биде од големо значење за приближување на нашето со европското законодавство.Грција ги подржува европските аспирации на Република Северна Македонија и се подготвени да обезбедат стручна помош за олеснување на процесот преку организирање на работилници, официјални посети и средби на експертско ниво.Очекувањата се да се интензивираат на напорите за целосно и доследно спроведување на Договорот од Преспа од страна на двете држави.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања