„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ФИЛМ

MV5BYzYyZGMwMzEtNDI0Zi00OGI3LWIwN2MtOGI1Y2NjYjllODFmXkEyXkFqcGdeQXZ3ZXNsZXk@._V1_

(ВИДЕО) Убил 400 луѓе, а Нетфликс сними филм за тоа

Новата криминална драма „The Good Nurse“, со Џесика Честејн и Еди Редмејн во главните улоги, наиде на различни реакции, а многумина останаа шокирани кога ги открија вистинските детали од приказната што ја инспирираше драмата.„Самиот факт дека „The Good Nurse“ е заснован на вистинска приказна е ужасен“, напиша едно лице.„Само што го гледав тој филм и страшно е да се помисли дека тоа се случило во реалниот живот“, се согласил друг корисник.„Има ли надеж за овој свет?„Само што влегувам во медицинско училиште и ми се гади кога гледам дека има луѓе кои всушност прават вакво нешто, додека другите ги затвораат очите и се преправаат дека не гледаат“, го изрази своето мислење една од гледачите.„Тоа е толку морничав филм и толку прекрасна изведба на Еди. Тој и Џесика се одлични. Сепак, не сум сигурен колку надеж чувствував за овој свет на крајот од филмот."Проблемот на здравствениот систем во АмерикаНекои гледачи се осврнаа и на проблемите на здравствениот систем во Америка. Тие изјавија дека филмот конкретно се обидува да укаже на неуспесите и проблемите на здравствената заштита во американските болници.„Добрата медицинска сестра е хорор филм. Сепак, тоа не е само хорор филм за медицински техничар кој убива луѓе. Не. Тоа е исто така хорор филм за катастрофалната состојба на американското здравство“, напиша едно лице.Приказната за сериски убиецФилмот објавен оваа недела на Нетфликс е вистинска приказна за Чарлс Кален, медицински техничар и сериски убиец кој уби десетици луѓе, а веројатно и стотици пациенти за време на неговите 16 години поминати во болница.

Магазин | пред 3 години

3655955596303e4b64edcd284738731_v4_big

(ВИДЕО) Нетфликс ги откупи правата за хит филм чие продолжени ќе чини милиони долари

„Knives Out“ е филм со просечен буџет, кој во секоја смисла ги надмина очекувањата и на публиката и на критиката.Кога режисерот Рајан Џонсон го претстави своето дело „Knives Out“ во 2019 година, покрај актерската екипа вклучувајќи ги Даниел Крег, Беноа Блан, Кејт Хадсон и Итан Хок, тој понуди и фантастично сценарио, кое е дури и номинирано за „Оскар“.Во меѓувреме, Нетфликс го препозна огромниот потенцијал во оваа мрачна хумористична криминална мистерија и започнаа преговорите. На крајот компанијата успеа да ги откупи правата за снимање продолженија и од релативно скромните 40 милиони вложени во првиот дел, стигна до бројката од 450 милиони вложени во продолжението.Филмот „Glass Onion: Knives Out“, чиј заплет се чува во строга тајност, наводно е снимен во Грција и ќе биде релевантен наследник на оригиналниот филм. Премиерата е закажана за 23 декември, а филмските љубители ширум светот со нетрпение чекаат да го видат продолжението на сагата за чудно, смртоносно семејство и инспекторот кој е зад нивните петици.

Магазин | пред 3 години

Rakata-na-gospod

Со филмот „Раката на господ“ на Паоло Сорентино ќе се отвори фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола

Од 19 до 26 август во Битола ќе се одржи годинешното 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, на кој ќе бидат прикажани филмови од долгометражна, краткометражна, документарна и студентска програма. За отворање на фестивалот е најавен филмот „Раката на Бога“ на Паоло Сорентино, а ќе се затвори со „Снежана на крајот умира“, по сценарио и режија на Кристијан Ристески.Фестивалот ќе се одвива на три локации – во Домот на култура, киното „Манаки“ и Офицерскиот дом – летна тераса во Битола.Оваа година во главната програма на фестивалот ќе има 14 филмови, во рамки на кратката програма ќе бидат прикажани 12 филмови, а во документарната програма ќе бидат прикажани 10 филма. Во рамки на студентската програма, оваа година ќе има еден македонски филм од Факултетот за драмски уметности во Скопје, потоа пет балкански филмови кои ни доаѓаат од Словенија, Грција, Косово и Хрватска, а другите филмови се од остатокот од Европа. Гости во студентската програма доаѓаат од академијата Вуџ од Полска, но и од академии од Шпанија, Турција.

Магазин | пред 3 години

svedok

„Златна потковица“ на „Астерфест“ за филмот „Сведок“ на Али Азгари

Филмот „Сведок“ на Али Азгари во иранско-француска продукција ја доби заградата „Златна потковица“ на 17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ што се одржува во Струмица.„Сребрена потковица“ доби филмот „Божилак“ на Александар Вујовиќ (Црна Гора, Италија, Албанија), а бронзената му припадна на филмот „Мојот ум“ на Мартин Стренџ-Хансен од Данска.Награда за најдобар автор „Ацо Алексов“ жирито му ја додели на филмот „Вујко ми Тудор“ на Олга Луковницова (Молдавија, Португалија, Унгарија, Белгија).Награда за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ му припадна на филмот „Џелатот дома“ на Мајкл и Ури Кранот (Франција, Данска , Канада).Специјална диплома од жирито доби филмот „Раселени“ на Самир Карахода од Косово.Фестивалската програма продолжува вечер со проекција на филмот „Журнал за Желимир Жилник“ на Јанко Баљак, во чест на лауреатот, а фестивалот ќе биде затворен утре со специјалната премиерна проекција на македонскиот документарен филм „Трн“ на авторите Никола Пијанманов и Столе Ангелов.

Магазин | пред 3 години

Нема фотографија

Нoвата серија на „Нетфликс“ ги воодушеви критичарите

Нoвата серија на „Нетфликс“ заработи одлични критики, судејќи според рејтингот на ИМД-б и „Ротен томатос“, веб-страницата агрегатор на рецензии.„Сендмен“ или „Човекот од песок“ (The Sandman) дебитираше на стриминг-платформата во петокот и се чини дека ги воодушеви и критичарите и публиката. Серијата моментално има оцена од 8,2 на „ИМД-б“, додека на „Ротен томатос“ позитивно е оценета од 84% од критичарите и 88% од гледачите. Серијата е базирана на култниот серијал стрипови на Нил Гејман креирана за „Ди-си“, а се фокусира на бесмртното олицетворение на човечките соништа – Морфеј.„Нетфликс“ ја опишува како „богат спој на модерен мит и мрачна фантазија каде што современата фикција, историската драма и легендата се беспрекорно испреплетени“.„Серијата ги следи луѓето и местата под влијание на Морфеј, кралот на соништата, додека ги коригира космичките и човечките грешки што ги правел во текот на неговото огромно постоење,“ стои во описот.„Сендмен“ го чинеше „Нетфликс“ неверојатни 165 милиони долари, а главните улоги ги толкуваат Том Стариџ како Сонот, Гвендолин Кристи како Луцифер, Кирби Хауел-Баптист како Смртта, Џена Колман како Јохана Константин, а Марк Хамил го позајми гласот за Мерв Пампкинхед.Критичарите сметаат дека серијата е достојна за култниот стрип.Иако има поделени мислења за адаптацијата на изворниот материјал, како и за квалитетот на главната улога на Стариџ, критичарите нагласуваат дека серијата вреди да се гледа. „Серијата секако дека го оправда своето постоење, особено во последните пет епизоди,“ велат тие.И публиката се огласи на Твитер за да ја пофали новата серија, нарекувајќи ја неверојатна и навистина добра. Многумина твитнаа дека буквално си одат од работа рано за да ја гледаат.Судејќи според реакциите на фановите, серијата е емотивен часовник со врвна актерска екипа.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања