„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

галичица

455644083_1002000255273322_4807603395606557774_n

Пожарот на Галичица е под контрола, нема опасност, вели градоначалникот Пецаков

„Пожарот на планината Галичица од Македонска страна е под контрола и нема опасност по населените места и населението кое гравитира на овој потег, ова се последните информации од екипите кои се на терен“, посочува градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и додава:„Во моментот во гаснењето на пожарот од земја се вклучени околу 120 лица, а се дејствува со два хелихоптери од страната на Охрид и од страната на Преспа. Очекувано е во текот на денот да се вклучат и уште три авиони за гаснење од воздух.Поспецифична е состојбата со пожарот од преспанска страна, каде што истиот има зафатено погуста и високостеблеста вегетација и гаснењето се одвива отежнато. Гаснењето од земја е отежнато и поради тоа што на овој терен постои неотстрането старо оружје и експлозивни направи, кои по налет на огнот експлодираат. Само во текот на вчерашниот ден се слушнале повеќе од 40 експлозии.Се надеваме и веруваме дека во текот на денешниот ден пожарот ќе биде локализиран и дека ќе се спречи неговото ширење понатаму.Благодарам на сите вклучени на терен, кои со несебичен напор, ден и ноќ се борат со огнената стихија. Упатувам апел до медиумите, новинарите, населението и туристите да не шират непотребна паника, да споделуваат проверени информации и да се информираат само од релевантни извори“.

Охрид | пред 1 година

galicica-mini

(Фото) Детонации се слушале вчера од Галичица: неексплодираните гранати прават проблем за локализирање на пожарот

Неексплодираните гранати кои ги има на Галичица, го успоруваат локализирањето на пожарот од страна на десетици волонтери, припадници на реџерската служба на Националниот парк, алпинистичкиот клуб, Црвениот крст и институциите. Жителите на Трпејца посочуваат дека вчера се слушале детонации, по велат: „Претпоставуваме, доаѓаат од Галичица“.Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, сподели и фотографии направени од лицата кои гаснат, од кои се гледаат неексплодираните мини.Дополнително, ситуацијата ја усложнуваат временските услови, тоа што теренот е тешко пристапен, а истиот навлага и во зоната на букови шуми.Доброволци и утрово заминаа на Галичица. Вклучени се и ловџии, припадници на доброволни друштва, Противпожарната бригада на Охрид.Граѓаните вчера беа многу вознемирени од пожарот на Галичица, бидејќи се симнуваше кон охридските села. Дел од камперите на Љубаништа, си заминале во текот на вечерта поради страв дека пожарот за кратко може да се рашири.

Македонија | пред 1 година

289430754_582909726524291_7009175504643671108_n

По протестот, Мицкоски утринава на врв на Галичица: Од тука најубаво и најшироко се гледа татковината

По вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски се искачи на Галичица.„После историскиот митинг на кој се случи народ, утринава на врв на Галичица - Магаро 2255 мнв. од каде најубаво и најшироко се гледа татковината.Нашата Македонија која бара промени, народот кој ја делегитимираше Владата и Македонија која е на нозе!Одиме до крај затоа што е премногу!Промени“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања