„За две минути изгоре, пожарна дојде по час и пол, шок“, се огласи семејството чиј автомобил изгоре кај Гевгелија
Семејството чие возило денеска изгоре кај Гевгелија сака да изрази голема благодарност до сите луѓе кои застанаа и помогнаа, односно се обидоа да го изгаснат пожарот.„Нашиот автомобил изгоре кај Гевгелија од правец на Евзони кон Србија. Испразнив два против пожарни уреди и не вреди. И луѓето застанаа да помогнат, но немаше цел. Добро сме. Автомобилот беше сервисиран пред патувањето, одржуван, се е исправно. Немам поим што се случи, за 2 минути се изгоре. Битно е дека сме ок, останатото е помалку
Македонија | пред 1 година