ГИГОВСКА

360096786_3590740657806737_138609094771474051_n

(ФОТО) Гиговска објави фотографии со синот Киан

Антониа Гиговска вчера за првпат стана мајка. Пејачката го доби синот Киан, а денес за првпат и објави фотографии од него.„Здраво на сите. Сакавме малку момент за нас, па решивме денес и официјално да ве поздравиме. Вчера во 12:05 сабајлето, ова мало глувче ми докажа за што вреди да се живее. Ти и мојот крал, мојот Зазу, мојот малечок, мојот син. Те сакаат мама и татко и никогаш нема да те остават сам“, рече Гиговска.

Магазин | пред 2 години

Capturengsdas

Гиговска стана мајка

Антониа Гиговска се породи денеска. Убавата вест ја објави сопругот Роберт Спасенцоски, кој на „Фејбук“ напиша: Станав татко. Фала ти господе за оваа среќа“.За потсетување пејачката претходно рече дека чека син, а во последните недели од бременоста се пожали на промените кои ѝ се случуваат на телото.Но и покрај проблемите, рече дека е возбудена за бебето и тоа што ќе стане мајка. Со Роберт ова им е прво дете, откако двајцата се венчаа годинава по неколку месеци врска.

Магазин | пред 2 години

344206441_253570297225537_2013770906673861852_n-e1682943519442

(ФОТО) Гиговска позираше гола во деветтиот месец од бременоста

Поп-пејачката Антониа Гиговска се соблече скроз гола и позираше во деветтиот месец од бременоста. Таа објави фотографии, па освен што кажа дека влегла во 36-та недела од бременоста, рече и дека е возбудена за бебето кое треба да се роди вели„Малечко мое. Се ближи крајот. Поминавме многу заедно, а тек што не чека. Бројам ситно да те гушнам. Знаеш дека сме посилни од се! Знам дека ќе бидеш мојот борец, мојот силен, мојот крал.Моја копија. Те сакаме“, вели таа.Гиговска и Роберт го чекаат свето прво дете, а двојката неодамна се венча по неколку месеци врска.

Магазин | пред 2 години

Screenshot_15-9

Гиговска се повлекува од јавната сцена: Наскоро ќе ја видите новата Антониа

Македонската поп-пејачка Антониа Гиговска неодамна ја сподели среќната вест дека таа и нејзиниот свршеник Роберт Спасенцовски ќе станат родители. Талентираната 22-годишна пејачка навистина ужива во својата бременост, но поради новата улога која ја очекува пејачката донесе важна одлука поврзана со нејзината кариера.„Драги мои, сакам да ве известам дека Антониа оди на заслужен одмор неколку месеци. Дојде моментот кога сакам малку да се опуштам и да се посветам на себе и на она што доаѓа. Тоа значи дека нема да настапувам еден период, ама затоа па ќе се затворам во студио и ќе работам на моите нови песни. Едвај чекам повторно да се дружиме на настапите, а до тогаш слушајте ја мојата музика и уживајте. Кој знае колку ќе ми недостигате. Наскоро ќе ја видите новата Антониа. Јас мислам ќе ви се допадне. Последните 2 настапи ми се во Куманово и Гевгелија“, објави Гиговска.

Магазин | пред 2 години

gigovska

(ФОТО) Раскина со Иван, го криеше новиот дечко, па објави дека е трудна: Со кого се сврши Антониа Гиговска

Три месеци откако јавно откри дека раскинала со Иван Јованов, пејачката Антониа Гиговска објави фотографии преку кои сподели дека е бремена, а радоста долго време ја криела. На една од објавените фотографии е и Роберт Спaсенцовски, кој е татко на детето на Гиговска, а сега и вереник. Роберт, воедно бил и најдобар пријател на претходниот дечко на Гиговска, Иван, а заедно работеле и на проект наречен „Џокер“.„Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое. Отсега секој мој роденден ќе го славиме заедно. Среќен роденден за мене и погодете кој ќе биде мајка. ПС: Прстенот го бирал САМ. Умирам од среќа… си славам. Роденден, бепче, прстен, сè“, пишува Гиговска во објавата.Гиговска долго време го криеше нејзиниот дечко Роберт од јавноста. Поранешното момче на Гиговска, Иван Јованов минатата година го промовираше проектот „Џокер“, презентирајќи и го на јавноста новиот проект со „ликот кој го крие ликот“, претставувајќи се со исто естрадно-уметничкото име како негативецот од стриповите и филмовите за „Бетмен“.„Џокер ќе биде најконтоверзниот артист што Македонија некогаш го имала. Препознатлив по својот лик, тој внимателно се труди да го сочува својот идентитет, а ние ќе му помогнеме во истото. Со Џокер веќе работиме подолго време, подготвивме три проекти кои едвај чекаме да и ги презентираме на јавноста“ – тврдеше тогаш Иван Јованов.Подоцна се дозна дека зад ликот на „Џокер“ се крие токму неговиот пријател Роберт Спaсенцовски, и сегашен вереник на Гиговска.Роберт бил најдобар другар на Иван. Ова може да се заклучи од интервјуто на Иван во „Бекстејџ“ каде овој факт не го негира.„Јас не сакам да коментирам бидејќи не сакам да загрозам нивниот пат. Времето само ќе си покаже“, кажа Иван, а прашан што повеќе го болело дали тоа што е изневерен од Антонио или најдобриот пријател, одговори: „Јас не сум злопамтило. Ако тие решиле тоа да е така, мене ми е сеедно“.

Магазин | пред 3 години

325117963_883723776082797_5727668805053439666_n

(ФОТО) Гиговска откри тајна, дечко и го лапна тестот за бременост!

Пејачката Антониа Гиговска се пофали на социјалните мрежи дека наскоро ќе стане мајка. Таа објави фотографии од тестот за бременост, но и од нејзиниот нов дечко кој ја запроси на Копаоник. Таа вели дека денеска е пресреќна оти го слави и нејзиниот 22 роденден.„Долго врмее молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас.Малечко мое, од сега секој мој роденден ќе го славиме заедно.Happy b day to me, aaaand guess who's going to be a momП.с. прстенот го бирал сам, умирам од среќа... си славам роденден, бебче, прстен, сееееШто мислите, 💙 или 💗 пишете во коментар (ние знаеме)“, стои во описот на фотографијата. За потсетување, медиумите на почетокот на октомври минатата година објавија дека Гиговска ја раскинала долгогодишната врска со пејачот Иван Јованов, фронтменот на групата „Либеро бенд“.

Магазин | пред 3 години

Lm8YM-screenshot-10

(ВИДЕО) Гиговска со нов спот, го снимаше во Галичник и Грција

Антониа Гиговска го промовираше својата нова песна и спот „Атлантида“. И овојпат музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски, а за текстот е на Тајзи.“Драги мои, Атлантида, изгубениот град под вода, беше одлична метафора да се пее за она кое што сите го доживуваме во одреден период од животот. Дали некогаш сте биле во ситуација да се трудите многу околу некоја личност, но на крајот да се изгубите себеси? Или да сакате некоја личност која на крајот не возвратила на вашата љубов, па сте продолжиле понатаму многу посилни? Не дозволувајте да потонете, вели Гиговска.Спотот за „Атлантида“, го режираше Томислав Живковиќ, а кадрите снимени во Грција, Скопје и Галичник.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања