Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

ЃОКОВИЌ

Screenshot-2022-07-12-095025

(ВИДЕО) Ѓоковиќ славеше за титулата, па се фати за микрофонот

Новак Ѓоковиќ по седми пат го покори Вимблдон, освојувајќи ја 21. Грен слем титулата, па се врати во Србија да слави како што доликува - со својот народ пред градското собрание, а потоа и во кругот на семејството и најблиските пријатели.За време на свечениот пречек на кој се собраа десетици илјади навивачи да го поздрават шампионот, во емотивно обраќање од балконот, Ѓоковиќ истакна колку му значи поддршката, најавувајќи нови трофеи.По спектаклот на балконот, Новак прославата ја продолжи во ресторан со своето избрано друштво - сопругата Јелена, братот Ѓорѓе и неговата девојка, а атмосферата ја надополнија пејачот Саша Ковачевиќ и пријателот на Новак и музички продуцент Дамир Хандановиќ.Хандановиќ во еден момент го отпеа големиот хит на Тома Здравковиќ „За Љиљана“, а Новак воодушевено ги крена рацете и пееше заедно со него. Тенискиот шампион не се двоумеше самиот да го земе микрофонот и да ја отпее „Miljackа“.https://twitter.com/_Strax__/status/1546631149807472641?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1546631149807472641%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fzivot%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D07dd%3D12nav_id%3D2183976

Магазин | пред 3 години

princ

Принцот Џорџ навиваше за Новак Ѓоковиќ

Најстарото дете на војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Џорџ првпат беше на Вилмблдон. Заедно со неговите родители седеше во кралската кутија на Централниот терен. Џорџ првпат е на ова тениско натпреварување за да го гледа Ѓоковиќ како се соочува со Ник Киргиос во финалето во сингл за мажи.Неговиот татко рече дека осумгодишниот Џорџ му дава поддршка на Новак Ѓоковиќ да го освои турнирот. Пред тоа, членовите на кралското семејство ги поздравуваа момчињата и девојчињата и другиот персонал на Вимблдон во зградата Милениум.Принцот Џорџ беше прашан и кого ќе поддржи и изгледаше премногу срамежливо да одговори па војводата од Кембриџ го погледна и му шепна: „Ѓоковиќ“, пред да додаде: „Ќе видиме колку ќе трае. Тој ќе го поддржи победникот“.Војводата, првпат беше на Вимблдон како деветгодишно дете во 1991 година, пред присутните зборуваше за моќниот сервис на Киргиос и искуството на Ѓоковиќ во играњето финалиња на Грен слем.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања