Кадар на Алијансата на Албанците излезе од советничката коалиција на ДУИ во Град Скопје
Советникот Наим Бајрами, кој досега беше дел од Алијансата на Албанците и коалицијата НАИ предводена од ДУИ, во иднина ќе делува како независен член на Советот на Град Скопје.Ова денеска го соопшти претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски, повикувајќи се на официјален допис доставен на 9 јануари.„Ве известувам дека согласно дописот од 09 јануари, членот на Советот Наим Бајрами, од НАИ, во понатамошната работа на Советот ќе делува како независен член на Советот“, изјави Димитровски.„Одлуката да настапувам како независен советник е одлука на мојата матична партија. Ќе останам да бидам критичен“, рече Наим Бајрами.Со оваа одлука, Бајрами ја напушта советничката коалициска рамка и своето дејствување во Совет на Град Скопје ќе го продолжи без партиска или коалициска припадност.
Скопје | пред 13 часа