ГУЧИ

guci-mikele

Крај на една ера – Алесандро Микеле го напушта Гучи

Креативниот директор на модната куќа Гучи, Алесандро Микеле, решил да ја напушти компанијата по 20 години поминати таму, соопшти матичната компанија Керинг.Алесандро ова го објави на својот Инстаграм профил.„Постојат моменти кога патиштата се разминуваат поради различните перспективи што ги има секој од нас. Денеска завршува едно несекојдневно патување за мене, кое трае повеќе од дваесет години, во друштво на кое неуморно ја посветував сета моја љубов и креативност,страст. Во овој долг период Гучи беше мојот дом, моето посвоено семејство. На ова пошироко семејство, на сите поединци кои се грижеа и ја поддржуваа, упатувам најискрена благодарност, мојата најголема и најсрдечна прегратка. Заедно со нив посакав, сонував, фантазирав. Без нив ништо од она што сум го направил не би било можно. Им ги испраќам моите најискрени желби: да продолжат да ги негуваат своите соништа, суптилноста и нематеријалноста што го прави животот вреден за живеење. Продолжете да се негувате со поетски и инклузивни слики, останувајќи верни на вашите вредности. Секогаш живејте со своите страсти, водени од ветрот на слободата“, гласеше емотивната порака на Алесандро што ја сподели на својот Инстаграм профил.

Магазин | пред 3 години

9BED2B49-029D-40DA-8CB3-CADF45D79E57

(ВИДЕО) „Гучи“ ја промовираше новата колекција со 68 пара идентични близнаци

Светскиот бренд „Гучи“ ја промовираше новата колекција пролет/лето 2023 на модната недела во Милано. На ревијата „Гучи“ ангажираше 68 пара идентични близнаци кои ги претставија моделите од колекцијата наречена „Твинсбург“.Секој пар близнаци на сцена се појавил независно, одвоени во ѕид од огледала во средина и оделе по пистата во исти модели. Пред почетокот на ревијата, директорот на „Гучи“ Алесандро Микеле, најавил дека колекцијата ја посветува на неговата мајка Ералда и нејзината сестра близначка Џулијана.„Две извонредни жени кои своето сестринство го одбележаа со конечен печат. Живееја во исто тело. Исто се облекуваа и чешлаа“, рекол тој.Ревијата била подготвувана со месеци и од модната куќа вложиле голем напори за да пронајдат 68 пара идентични близнаци кои ќе прифатат да ги носат моделите.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања