Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ИСЕИНИ

IMG_5176

Астрит Исени ја презема функцијата заменик министер за внатрешни работи

Астрит Исени и официјално ја презеде функцијата заменик-министер во Министерството за внатрешни работи. За одржување на безбедноста и стабилноста на земјата, г-дин Исени ќе работи со целосна одговорност и посветеност.„Ми претставува чест и привилегија да ја извршувам функцијата заменик министер за внатрешни работи. Ќе се обидеме максимално да го одржуваме јавниот ред и мир, со што нашите граѓани ќе се чувствуваат заштитени и безбедни“, рече заменик министерот Исени.Исто така, заменик министерот истакна дека неговата посветеност ќе биде максимална во однос на извршувањето на обврските, како и блиската соработка со другите надлежни институции. Ќе се ангажира и за продлабочување на соработката со сите релевантни европски и меѓународни организации поврзани со безбедносните прашања. Кабинетот на заменик министерот е уверен дека со раководењето на г. Исени, Министерството за внатрешни работи ќе напредува во исполнувањето на својата мисија за обезбедување безбедна средина за сите.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања