Предлог-законот за јавното обвинителство пред пратениците на денешната седница
Во Собранието на Македонија денеска ќе се одржи 92-та пленарна седница, на чиј предложен дневен ред се наоѓаат повеќе законски решенија.Пратениците ќе расправаат за Предлог-законот за јавното обвинителство, како и за измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за данокот на добивка, кои се ставени на дневен ред во прво читање. На седницата ќе се разгледува и Предлог-законот за органско земјоделско производство во второ читање.По скратена постапка се предлага донесување и на измените на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, како и измените на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за шумите.На дневниот ред е предвидено и разгледување на Годишниот извештај за работата на Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите за 2025 година.
Македонија | пред 7 часа