Безбедносна закана: САД привремено го повлекоа персоналот од амбасадата во Јордан
Амбасада на САД во Јордан соопшти дека привремено го евакуирала својот персонал од комплексот во главниот град на Јордан, поради неодредена безбедносна закана.„Од крајна претпазливост, целиот персонал на американската амбасада привремено го напушти комплексот поради закана“, се наведува во безбедносното предупредување објавено на социјалните мрежи.Аман се наоѓа меѓу регионалните центри кои се под зголемени безбедносни мерки по иранските противнапади, започнати како одговор на заедничката американско-израелска воена кампања во која беше убиен иранскиот врховен лидер.Засега нема дополнителни детали за природата на заканата, ниту за тоа кога персоналот ќе се врати во амбасадата.
Свет | пред 2 часа