Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

ЈХИРУРГИЈА

lekari-715x420

Големи промени во медицинските специјализации: Интерна медицина и хирургија со нова програма

Од новата академска година се менуваат специјализациите по интерна медицина и општа хирургија на медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип. Целта на реформата е да се создадат лекари со пошироки знаења и повеќе практични вештини, особено за справување со итни состојби.Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека досегашниот систем создавал премногу тесно специјализирани кадри, кои потешко се снаоѓале во секојдневната практика.„Воведуваме засилена практична обука, особено во ургентната медицина и интензивната нега. Целта е да создадеме интернист кој може самостојно да управува со сложени и итни состојби“, изјави Алиу.Со реформата, идните специјалисти по интерна медицина ќе изучуваат и користење ултразвук како стандардна алатка, што ќе овозможи снимање во реално време за носење брзи одлуки. Ќе бидат утврдени и конкретни практични вештини што задолжително ќе треба да ги совладаат.Промени ќе има и кај општата хирургија, каде специјализацијата наместо шест ќе трае пет години. Според Алиу, целта е да се создаде „флексибилен и функционален хирург“, кој ќе може да одговори на реалните потреби на болниците, особено во внатрешноста.Тој додаде дека реформата претставува и системска промена што треба да донесе подобра достапност до квалитетни здравствени услуги, поефикасно користење на ресурсите и зајакнување на секундарното здравство.Деканот на Медицинскиот факултет, професор доктор Светозар Антовиќ, изјави дека суштината на промените е лекарите најпрво да добијат широка основа, а потоа дополнително да се усовршуваат.„Да добијат звање општ хирург или општ интернист, а не веднаш да одат во тесни гранки. Тоа ќе овозможи многу подобра здравствена заштита на целата територија на државата“, рече Антовиќ.Претседателката на Лекарската комора, доктор Калина Гривчева-Старделова, оцени дека ваквите промени се неопходни и за задржување на лекарите во земјава.„Лекарот ќе го задржите ако му дадете работа и квалитетно образование. Интерната медицина и општата хирургија се основа и мора да ја има секој лекар“, истакна таа.Според неа, сегашниот систем создава проблеми, особено во помалите градови, каде лекарите често лекуваат пациенти од различни области, но се ограничени со тесната специјализација.Таа посочи дека околу 70 проценти од пациентите се лекуваат во клиничките центри, што покажува дека системот е преоптоварен и недоволно функционален на локално ниво.Со новите правила, студентите до трета година ќе можат да се префрлат на новата програма, додека останатите ќе продолжат според старата. За веќе специјализираните лекари ќе има дополнителни обуки за усогласување.Реформата треба да помине владина процедура, а ќе почне да се применува од оваа година.

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања