Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

карлеуша

962460

Карлеуша со поддршка за Николина Пишек: Бори се за себе и за инат на сите Балканци кои ги мразат жените

Поп ѕвездата Јелена Карлеуша и испрати јавна порака на водителката Николина Пишек, чиј сопруг, историчарот на уметност Видоје Ристовиќ, ненадејно почина на 8 мај годинава.Под објавата на Николина на Инстаграм, Јелена остави коментар и и даде поддршка на водителката.– Кукло убава, драга, мила и добра, бори се за себе за инат на сите Балканци кои ги мразат жените, бори се за своето дете затоа што како мајка му го должиш тоа, бори се. Точка. Главата горе и никогаш не дозволувај да те повредат! Биди му пример на своето дете да се бори во животот. Секој што ќе ти каже збор, секој што ќе се осмели да се занимава со твоите пари, со твоите приватни работи, со твојот живот и со твојот паричник -нека п… к.р. Не си должна никому да му се правдаш или да објаснуваш, особено не на овие простори каде што жените се граѓани од втор ред, каде што медиумите и мажите брутално газат сè што е женско, каде дури и жената е волк за жената! – напиша Карлеуша.– Те сакам, и ти си лавица на е…..т Балкан и знаеш се – одговори Николина на коментарот на Јелена.

Магазин | пред 3 години

mitko

Јанчев ја откачи Карлеуша за Ламбе

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, најави дека е можно Ламбе Алабаковски да настапи на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, откако вчера градскиот татко соопшти дека е откажан планираниот настап на српската пејачка Јелена Карлеуша.„Деновиве сме во размислување кој пејач да дојде на нејзиното место, бидејќи, сепак, концертот беше планиран за главната вечер. Можно е да е некој од Балканот, а можно е и да настапи некој од Македонија. Можно е да биде Ламбе, Каролина и Калиопи, размислуваме за нив. Но, засега ништо не се знае. Деновиве има време да се одлучи, па најверојатно во понеделник би се знаело, изјавил Јанчев за ММС.Ламбе Алабаковски оваа недела беше пуштен од домашен притвор, кој му беше одреден откако беше уапсен за потпалувањето на влезот на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола.

Македонија | пред 3 години

161753_jelena-karleusa_ff

(ФОТО) Карлеуша со мини фустан и огромно деколте ги посети полицајците во Белград

Српската пејачка Јелена Карлеуша денеска ги посети новите вработени комунални полицајци во Белград, а со својата објава на Инстаграм буквално ги „здрма“ социјалните мрежи.Имено таа дотерана од глава до пети со високи потпетици се појави на промоцијата на новите полицајци, а Карлеуша немаше да биде Карлеуша ако не го привлече целото медиумско внимание околу себе.Таа облече специјална униформа само за неа, но под неа и се надзираа бујните силикони и деколте .Таа направи и групна фотографија со сите женски полицајки, а потоа и со сите вработени.

Магазин | пред 3 години

Нема фотографија

Карлеуша проговори за бракот со Душко

Душко и Јелена од 1 јануари ги полнат насловните страници на домашниот печат. Најпрвин поп-дивата направи спектакл за дочекот на Новата година пред Собранието, а потоа неколку дена подоцна на Божиќ следеше драма во семејниот дом.Јелена го пријавила Душко за насилство, па судот и забранил триесет дена да се приближува. Два месеци подоцна се чини дека се спушти прашината, но не и љубопитноста на јавноста која не престанува да се прашува што се случува во нивниот брак и во каква врска се сепак Душко и Јелена.По одличниот настап на Копаоник на фестивалот „Music Week“, повеќе од расположена, Јелена реши првпат да одговори на прашањето за нејзиниот сопруг.На новинарско прашање каков е нејзиниот сегашен однос со сопругот Душко Тошиќ, ЈК имаше подготвен одговор.– Со Душко секогаш се беше во ред. Дали нешто не беше во ред со него? Мислам, отсекогаш сум го тврдела тоа, но сега имам потврда – кратко изјавила таа.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања