(Видео) Вандализам во Карпош 4: Тинејџери урнале канделабра
Нова сцена на вандализам ги вознемири жителите на Карпош 4, откако група тинејџери вчеравечер насилно урнала канделабра во близина на фитнес-паркот во населбата. Случајот бил снимен и објавен во фејсбук-групата „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“, по што следуваа бројни реакции од граѓаните.Во коментарите, дел од жителите претпоставуваат дека станува збор за деветтоодделенци од основното училиште „Петар Поп Арсов“, иако засега нема официјална потврда за идентитетот на лицата на снимката.
Настани | пред 2 седмици