КД

DUIII

Коментар на денот: Лесно е да истеруваш демони од луѓе, пробај да ги истераш ДУИ од Влада

Социјалните мрежи „вријат“ откако самопрогласениот исцелувач Константин Тино Кајшаров го најави својот настан во Скопје, претстојната сабота.Имено, во неговата обајава на Фејсбук се наведува дека оваа сабота во Скопје од 18 часот ќе организира „ослободување од демони, од проклетства и маѓии“. Каде не е познато, но има оставено телефонски број на кој секој заинтересиран може да се пријави, а овој перформанс е бесплатен.На Фејсбук, Спасија Бежановска објави статус преку кој му се обрати на Кајшаров.„Кајшаров, лесно е да истеруваш демони од луѓе, пробај да ги истераш ДУИ од Влада“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-09-20-091234

Коментар на денот: Плаќаме за да ни позираат во New York City, не се они криви што сме сиротињи

Новинарот Кристијан Ландов на социјалните мрежи објави фотографија од министерот Османи, а во описот напиша дека народот плаќа, за политичарите да позираат во Њујорк.„Ние плаќаме, за тие да ни позираат во New York City.Не се они криви што сме сиротињи“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

oktopod

Коментар на денот: Владата набавува морски плодови за 20.500 евра, Криза? Скап лебот? Па јадете октопод без леб

Божидар Божиновски се огласи во срска со договорите кои ги склучила Владата со фирма од Скопје. Фирмата треба да ја снабдува Владата со свежа и замрзната риба, октопод и морски плодови за 20.500 евра/„'Владата набавува морски плодови за 20.500 евра'Шо е сиротињо? Криза? Скап лебот? Па јадете октопод без леб“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-09-06-200148

(ВИДЕО) Коментар на денот: Ние како држава веќе личиме на Конго, мостот се урива додека се пушта во употреба

Мост во Конго нарачан од локалните власти се урна за време на неговото свечено отворање – токму во моментот кога се сечеше лентата.Корисник на твитер го објави видеото, па напиша дека Македонија веќе личи на Конго.„Чисто да видите дека и ние како држава веќе личиме на Конго. Мостот се урива додека се пушта во употреба во ДР Конго.“.https://twitter.com/Shiferovska/status/1567203971026010114?s=20&t=cc_uueDXEUoPGTV2zXkyfQ

Коментари | пред 3 години

302278255_4936692979766030_6138426274089218823_n

Коментар на денот: Единствен ќар од посетата на саемот во Белград е што делегацијата од 150 луѓе заштеди струја дома

Александар Тортевски на социјалните мрежи реагира за посетата на Тупанчевски, Маричиќ и Деспотовски на саемот во Белград. Тој вели дека единствен бенефит од оваа посета е што 150 луѓе кои се членови на делегацијата заштедиле струја по дома.„Што бараат Тупанчевски, Маричиќ, Деспотовски 3 дена на саем за вино и храна во Белград? Ајде ботови во колона по еден и наоѓајте аргументи колку ова ќе донесе бенефит во Правда, Евроинтеграции и ТИРЗ.Единствен ќар од посетата на наша делегација од 150 луѓе на саемот за храна и вино е фактот што сите 150 заштедиле струја по дома“, вели Тортевски.https://twitter.com/atortevski/status/1566337582589411328?s=20&t=nODlAsyX55FK0b_CIZZkFghttps://twitter.com/atortevski/status/1566339708208177153?s=20&t=_htV7UCY52bK4jgs8eFQjA

Коментари | пред 3 години

DSC_0583

Коментар на денот: „Некој кој има моќ им ветил на Албанците дека правилата што важат за другите, нема да важат за нив“

Иљче Затарковски на социјалните мрежи објави сттус во кој вели дека некој на Албанците им ветли дека правилата кои што важат за другите нема да важат за нив.„Јас сум 100% сигурен дека да можат огромен дел Македонци, Турци, Роми, Срби, Власи...не би плаќале струја. Сиромаштијата има чудна моќ да те натера да се прилагодиш за да преживееш.Ама во случајов, апсолутното мнозинство од неплаќачите во Арачиново се Албанци. И не се неплаќачи затоа што се Албанци, туку затоа што некој, кој има моќ да вети, им ветил дека правилата што важат за другите, нема да важат за нив.Е па, драги пријатели со широки сфаќања, "тој, некој" е проблемот и "тој некој" го кењаме, не Албанците. Пошо "тој некој" вработува неспособни за да му бидат лојални, договара матни и тајни зделки што ги плаќаме сите за да купи уште некој ден во фотелја и на "тој некој" му правите колоноскопија секогаш кога релативизирате и дефокусирате. И утре, "тој некој" ќе си се пензионира со милионите и ќе ви се моча на глава, а вие ќе си останете никој и ништо“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

f57288af-b671-4a9a-a8bd-389c6af810cd

Коментар на денот: Синѓелиќ е како Сирија, се утепаа од рокање со пиштоли и шмајзери

Во склоп на заедничката превентивна кампања на МВР и УНДП, во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2022“ за континуирани превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, вчера беше реализирана превентивна активност под мотото „Слави со срце , не со оружје“ на подрачјето на Полициското одделение Сарај.Во склоп на заедничката превентивна кампања на МВР и УНДП, во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2022“ за континуирани превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, вчера беше реализирана превентивна активност под мотото „Слави со срце , не со оружје“ на подрачјето на Полициското одделение Сарај.Целта на активноста е преку афирмацијата на совесното и одговорно однесување на граѓаните при разни прослави и веселби, без употреба на оружје или други пиротехнички материјали, да се подигне степенот на безбедност, но и почитување на законските норми, затоа што употребата на оружје може да има тешки последици , односно директна закана по здравјето и животот на граѓаните.Активностите, како и претходно во селата Синѓелиќ и Арачиново, и во Сарај се реализираа на повеке локации пред повеќе угостителски и услужни објекти.Корисник на Фејсбук објави статус во кој вели дека жителите на Синѓелиќ секој ден пукаат со пиштоли и шмајзери.„Треба овие од УНДП да дојдат и во селото Синѓелич да ги едуцираат малку како се слави свадба, веридба, сунет, уатевер! Се утепаа од рокање со пиштоли и шмајзери, секој ден секоја вечер, како да живееме во Сирија или Украина, вистинска воена зона!“

Коментари | пред 3 години

zan-mitrev-klinika

Коментар на денот за Жан Митрев по „поддршката“: „Има еден израз: Кризен ПР, треба да е ужасно добар, а не ужасно глуп“

Пациенти кои се лекувале во клиниката Жан Митрев, испратија меил до медиумите. Тие велат дека во писмото кое го испраќаат ја искажуваат висината која ја доживеале за време на лекувањето од ковид.„Почитувани новинари, ви го испраќаме писмото со кое ја искажуваме нашата вистина што ја доживеавме лично при лекување од Ковид во клиниката Жан Митрев. На ова писмо сме потпишани околу 15, а поддршката ја дадоа уште повеќе пациенти кои дополнително ќе се потпишат“, стои во меилот.Новинарот Кристијан Ландов на социјалните мрежи реагираше во врска со овој меил. Тој вели дека поддршката за Жан Митрев е класичен ПР.„Нема дилема дека „поддршкава“ за Жан Митрев (К) е класичен ПР.Прес со пациенти (кои за иницијативата дознале од цимери со кои се лекувале, а цимерите не дошле на пресот), најава до медиуми на мејл (има стара мејл листа во која е и овој мој мејл и се користи од агенции), нервоза на пациентот дојден да фали додека му ја ругаат фабриката, недавање на конкретни одговори и тн.Патем, ја уште не знам и како се чувствувале овие загрижени пациенти додека ги слушаа сведоштвата за пациентите кои починале во клиниката, зошто се решиле да го поддржат, што било пресудно, особено, зошто го поддржале ако (како што кажаа платиле 10.000 евра) услугата е платена со енормно висока сума на пари.Има еден израз: Кризен ПР.И една поука: Треба да е ужасно добар, а не ужасно глуп.Гадно. Исто ко Северна“, вели тој.

Коментари | пред 3 години

DSC_0638

Коментар на денот: Овие скандали ја тресат Македонија

Новинарот Ивор Мицковски на социјалните мрежи објави статус во кој објасни какви скандали ја тресат Македонија.„Криминални набавки на јаглен преку штотуку отворени фирмиКриминално не се плаќа струја во наводно едно општество за сите.Децата зимово најверојатно ќе останат дома зошто нема да има за греење на училишта.Власт испокарана до гуша со фондација го дозакопа судството и обвинителството.Убиството на ракометарот ќе го суди политички и професионално компромитирана судијка.Никаква одговорност ни за Дурмо, ни за Беса турс, ни за кабелот во Тетово.Неделно гинат по двајца работници на терен.За секој потрошен милион капитална инвестиција 10% одат на неоправдани трошоци.Непотизам и партизација цутат како никогаш досега, државата губи преку пола милијарда годишно на Рамковни и фамилии на функционери и партиски лидери.Се прогласуваат кризни состојби за да се крадат народни пари и прават набавки во 4 очи, така беше со ковидот, така и со струјата.Нови небодери и дивоградби што кај Холидеј Ин, што кај Треска.Индиции за криминал со огревното дрво кое уште малку ќе стане 5 илјади денари по кубик.Дивоградби ќе никнуваат во Охрид на археолошки локалитети.Дивоградби во Маврово и Трница со вмешани функционери и понатаму си никнуваат.Бугарија почна да се иживува и врз македонското малцинство во Албанија.Дечко на 25 години умира во болница поради сепса по интервенција на заб.Да не навлагаме во поскапувања и инфлација, нови давачки и остали срања, битно на секое поле сме пепел, кучињата лаат, а караванот си врви.Ова системско распарчување и раскрчмување на државичево некад ќе мора да запре“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања