„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Комунална хигиена-Скопје

viber_image_2024-11-04_13-53-39-972

Заменети оштетените корпи за ситни отпадоци во општината Сарај

Во текот на вчерашниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје изврши замена на сите оштетени корпи наменети за одлагање ситни отпадоци во скопската општина Сарај. Активностите се реализираа на десетина локации во централниот дел на општината, каде што на местото на оштетените корпи се поставени сосема нови садови, известува Комунална хигиена-Скопје.И во претстојниот период, ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи со етапно менување на сите оштетени корпи за одлагање ситни отпадоци поставени на подрачјето на градот Скопје.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-09-07_00-38-53-915

За викендот подигнати 70 кубни метри непрописно одложен отпад

Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување приближно 70 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Гази Баба, Центар, Карпош и Ѓорче Петров.Во општината Чаир е интервенирано на улиците Вуковарска и Крсте Асенов, каде што се подигнати 30 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад.На улиците Борис Сарафов, Никола Пушкаров и Христо Батанџиев во општината Ѓорче Петров беа подигнати околу 10 кубни метри непрописно одложен отпад од од картонска амбалажа, додека во општината Карпош се отстранети 20 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците Прашка и Брадфордска, во непосредна близина на ресторанот „Македонска куќа“.Воедно, за време на викендот се реализирани активности за расчистување диви депонии на улицата Васил Ѓоргов во општината Центар, како и на улицата 16-та Македонска бригада во скопската општина Гази Баба, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

thumbnail_viber_image_2024-10-29_08-05-01-530

Комунална хигиена-Скопје спроведува активности за чистење на Старата скопска чаршија

Во текот на минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа низа активности за чистење на Старата скопска чаршија. Во рамките на активностите беше извршено и рачно метење и чистење на пешачкиот мост лоциран на самиот влез на Чаршијата (поранешна Стоковна куќа „Мост“), каде што се подигнати и приближно два кубни метра непрописно одложен отпад.ЈП Комунална хигиена-Скопје и во претстојниот период ќе продолжи да спроведува засилени активности за одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата на Старата скопска чаршија, којашто претставува една од најпосетените туристички атракции на градот Скопје, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-10-22_07-09-19-019

Подигнати 30 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Бутел и Аеродром

Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше повеќе активности за отстранување диви депонии во чиишто рамки се подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри непрописно одложен отпад.Активностите се одвиваа во скопските општини Бутел и Аеродром.Во општината Бутел е интервенирано во населбата Радишани, каде што се отстранети приближно 20 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата Радишанска.Екипите на Претпријатието подигнаа и транспортираа и 10 кубни метри непрописно одложен отпад на улицата Бојмија, во непосредна близина на Железничката станица во скопската општина Аеродром, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-10-15_09-02-56-477

Подигнати 50 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Центар и Чаир

Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше повеќе активности за отстранување диви депонии во чиишто рамки се подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри отпад одложен на јавни или сообраќајни површини.Активностите се одвиваа во неколку скопски општини, така што во скопската општина Центар - на булеварот Мајка Тереза (Водњанска) е отстрането поголемо количество кабаст и градинарски отпад одложени на тротоарот во непосредна близина на ООУ „Кочо Рацин“. Во оваа скопска општина е интервенирано и на улицата Васил Ѓоргов, велат од Комунална хигиена.Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија и обемна дива депонија лоцирана веднаш до ООУ „Васил Главинов“ на улицата Џон Кенеди во општината Чаир, а подигнати се и околу 15 кубни метри непрописно одложен градежен отпад во близина на трговскиот центар „Мавровка“, соопшти Комунална хигиена.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-10-09_15-33-10-320

Расчистени обемни диви депонии во општините Центар, Чаир и Бутел

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар и Бутел.Отстранети се 20 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, како и големо количество органски отпад и отпад од картонска амбалажа на улицата Васил Ѓорѓов во населбата Капиштец, во општината Центар.Воедно, во рамките на третата смена е расчистена и обемна дива депонија лоцирана во скопската општина Бутел, во непосредна близина на Прифатниот центар за поддржано живеење за бездомни семејства во населбата Визбегово, велат од Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-10-08_00-10-34-316

Подигнати 50 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Чаир и Ѓорче Петров

Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше низа активности за отстранување диви депонии во чиишто рамки се подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри непрописно одложен отпад.Активностите се одвиваа на неколку локации во општината Ѓорче Петров - на улиците Борис Сарафов, Ѓорче Петров и Македонска војска, како и во општината Чаир- на булеварот Втора македонска бригада и на улицата Џон Кенеди.Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на минатата ноќ повторно интервенираа и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) каде што е отстранета дива депонија лоцирана на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на Амбасадата на САД.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-10-01_00-30-27-606

Комунална хигиена-Скопје подигна 30 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Центар и Карпош

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 30 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Центар и Карпош.Активностите се одвиваа на кејот „13-ти Ноември“, во строгиот центар на градот, каде што е отстранета дива депонија составена претежно од картонска амбалажа и органски отпад. Интервенирано е и на булеварот Гоце Делчев, на паркинг- просторот пред хотелот „ВИП“, каде што се подигнати приближно 10 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад.ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти и уште една обемна дива депонија, лоцирана на улицата Брадфордска, во непосредна близина на ресторанот „Македонска куќа“, во скопската општина Карпош.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања