КРИСТИНА ДИМИТРИ

310632564_5134039780036067_1590017448376279481_n

(ВИДЕО) Кристина Димитри препеа песна од Северина

Кристина Димитри, која веќе неколку месеци со диџеј Боно настапува во клубовите низ Македонија, ја препеа „Добродошао у клуб“ од Северина. Таа вели дека ја обожава песната и дека песните од Северина се голем дел од нејзиниот репертоар на настапите.Каверот е снимен во студиото на Иван Јованов-Ивајо, а видеото во „Ред централ продакшн“ во Тетово. Кристина, најави дека со Боно и нивниот тим „Лилипоп“ се спремаат за „Макфест“, што ќе се одржи на 21 и 22 октомври во Штип. Песната што ќе ја испеат на реномираниот фестивал се вика „Салса“.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања