„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

КРМОВ

pcinja

(ВИДЕО) Уништено е коритото на река Пчиња и 500 хектари плодна земја од нелегална експлоатација на песок, вели Крмов

Пратеникот Борислав Крмов од Левица вчера упати прашање кон Министерката за животна средина и просторно планирање во врска со искористувањето на реките во Македонија.Моите прашања се упатени кон Министерката за животна средина и просторно планирање и се однесуваат на две реки од многуте во Република Македонија кои свирепо се искористуваат и неповратно се уништуваат.Во случајот на реката Пчиња, од Катланово до селото Студена Бара нема педа која не е ископана, особено изразено во атерот на селата Горно, Средно и Долно Коњари. АД Водостопанство издава дозволи на фирми под превезот на уредување на речното корито за да вршат неуморна експлоатација на песок.Тука станува збор за 500 хектари плодно земјиште кои се неповратно уништени и кои биле дел од ЗИК Скопско поле. На тој простор има езера кои се 30 до 40 пати пошироки од самата река и длабоки и до 7 метри на одредени места.Влажноста на почвата е потполно нарушена додека подземните води кои жителите ги користеле за пиење се сега контаминирани. Во тие села луѓето имаат само техничка вода.Десет години систематски се уништува овој простор за да профитираат поединци, додека проблемите на селаните воопшто не биле приоритет за властите, и оваа голгота кулминира со минатогодишниот протест и блокирањето на патиштата околу селата.Сега повторно АД Водостопанство издава дозвола за наводно вадење на вишокот од песокот и доуредување на коритото.Зошто е само стопирана дозволата за експлоатација на песок, чакал и камен, а не и поништена, како што им е ветено на селаните и дали ќе го испочитувате вашето ветување за да ја поништите дозволата“, вели Крмов.

Македонија | пред 2 години

13

Итен повик: „Сите пред Собрание, сите! Излегувајте!“

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов преку социјалните мрежи ги повика граѓаните да излезат пред Собранието.„СИТЕ ПРЕД СОБРАНИЕ, СИТЕ!!!Талат шверцерот ќе ја тера седницата до крај!Цел ден се сили, го крши Деловникот, се заканува ПРСТИ ЌЕ КРШЕЛ НА ПРАТЕНИЦИТЕ!Излегувајте сите пред Собрание!!!“, напиша Крмов.

Македонија | пред 3 години

Borislav_Krmov_Levica_vo_parlament

„Од првични 355 атеисти, сега станаа 8.764, власта ги корегира резултатите од пописот“, вели Крмов

Пратеникот од политичката партија Левица, Борис Крмов на социјалните мрежи објави дека власта ги корегира резултатите од пописот и си измислува бројки.„Криминалците од власта ги корегираат резултатите од пописот во од и си измислуваат бројки!Од првични 355 атеисти, сега станаа 8.764?!Има ли поголем доказ од ова за каков фалсификат се работи!? Каков е овој попис, по нарачка ли? Ова е невиден скандал!Оваа лакрдија веднаш да се поништи!Сите ќе одговарате!#ПописенФалсификат“, вели Крмов

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања