ЛИЗА МАРИ ПРИСЛИ

1315841_profimedia0426871597_ls

Ќерката на Елвис Присли заврши во болница

Лиза Мари Присли, ќерката на Елвис Присли, итно била пренесена во болница поради можен срцев удар, дознава „TMZ“.Извори изјавија дека болничарите извршиле CPR во четвртокот во нејзиниот дом во Калабасас пред да ја пренесат во болница.Се додава дека успеале да и го вратат пулсот пред да биде пренесена.Во моментот не се знае каква е нејзината состојба, но се знае дека е на лекување во болница.Инаку Лиза Мари, ќерката на Елвис и Присила Присли, беше на доделувањето на Златните глобуси во вторникот вечерта во Беверли Хилс.Таа и нејзината мајка беа присутни за да го видат Остин Батлер, за неговиот портрет за кралот на рокенролот – „Елвис“.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања