САД го продолжија рокот за продажба на странскиот имот на Лукоил
Соединетите Американски Држави повторно го продолжија рокот за завршување на преговорите за продажба на странскиот имот на руската нафтена компанија Лукоил, овојпат до 1 април 2026 година, соопшти американското Министерство за финансии.Според дозволата на Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC), договорот може да биде склучен до почетокот на април, откако рокот претходно неколкупати беше продолжуван. Санкциите против Лукоил беа воведени со цел да се ограничат руските приходи за финансирање на војната во Украина.Лукоил најави продажба на странската имовина и постигна договор со американската инвестициска компанија „Карлајл“, но зделката сè уште не е финализирана, додека се водат разговори и со други заинтересирани купувачи, меѓу кои и „Шеврон“.Меѓународниот имот на руската нафтена компанија, кој вклучува рафинерии, нафтени полиња и мрежа бензински станици во повеќе земји, се проценува на околу 22 милијарди долари.
Свет | пред 5 часа