МАРИЈА МИХАЈЛОВА

DSC_0846

Како да ги задржиме здравите навики за подобар квалитет на живот и во новата година

Доктор Марија Михајлова вели дека грижата за здравјето треба да остане наш приоритет и во новата година. Таа преку социјалните мрежи советува како да ги задржиме здравите навики за подобар квалитет на живот.„Да ги задржиме здравите навики за подобар квалитет на живот и во новата година. Ајде да се храниме на здрав и балансиран начин.Ајде да ставиме што повеќе овошје, зеленчук и интегрална храна во нашето мени.Да обезбедиме доволно хидратација на телото. Да задржиме активен животен стил, да вежбаме редовно и да вежбаме најмалку три пати неделно.Да се погрижиме за добар сон (спиеме најмалку 7-9 часа на ден).Да се справиме ефикасно со стресот и да се грижиме за нашето ментално здравје.Грижата за здравјето треба да остане наш приоритет и во 2023 година.Консултација: +389 71 223 397 / 02 30 90 487“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

218278749_326628449205463_2277962667892665479_n

Матичните доктори се гневни: Ова нема да ви помине!

Илјадници забелешки јавно доби вчерашната најава на Комисијата за заразни болести за отворање на пет нови ковид- амбулатнти од следната недела во кои по принцип на ротации ќе работат матичните лекари. Најголемите забелешки се токму од матичните лекари. Дел од нив велат дека не се против отворање ковид-амбуланти, но бараат да се преиспита одлуката бидејќи вака предложена ќе значи пациентите да останат без лекари во периодот кога тие ќе дежураат што ќе направи хаос во здравствениот систем.Доктор Марија Михајлова вели дека овој модел е добар, но не по грбот на матичните лекари.„Моделот за Ковид амбуланти е добар, но не по грбот на матичните лекари.Матичниот лекар не може да ротира и работи бесплатно за системот да бидеме на чистоНавистина се сетивте на нас дека сме дел од системот кога треба само да се работи. Каде попрво матичниот да стасаЗнаеме ние како функционира примарно здравство и во Словенија и Хрватска од сам почеток на пандемијата ,но истовремено знаеме и колку се платени колегите. Така да олабавете со споредбите. Ова нема да ви помине !“, вели Михајлова.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања