Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МАСКИ

zastitni-maski

Повторно задолжителни маски во Филаделфија: „Ако не реагираме сега, ќе биде доцна“

Филаделфија е првиот голем град во Соединетите држави што повторно го воведе задолжителното носење маска во затворени простории по наглото зголемување на бројот на луѓе кои се заразени со Ковид.Здравствените инспектори ќе почнат да ја контролираат оваа мерка во градските претпријатија на 18 април, објави АП. Бројот на новозаразени со корона вирусот е зголемен за повеќе од 50 отсто во изминатите 10 дена, што е праг врз основа на кој, според градските насоки, луѓето се обврзани да носат маски во затворени простории, изјави д-р Шерил Бетигол, комесар за здравство.„Ако не реагираме сега, знаејќи дека секој претходен бран на инфекции беше проследен со бран хоспитализации, а потоа и бран смртни случаи, за многу наши жители ќе биде доцна“, рече Бетиголова.Таа изјави дека ова е шанса да се спречи пандемија и да се носат маски додека не се добијат повеќе информации за сериозноста на новата БА.2 подваријанта на омикрон.Филаделфија ја укина обврската за носење маски на 2 март, а Бетигол призна дека е прекрасно повторно да се почувствува тоа чувство на нормалност.

пред 3 години

Screenshot-2021-10-08-084800

Децата од основните училишта почнуваат без маски во училиште

Координативен кризен штаб: Усвоен предлогот за укинување на обврската за носење маски во основните училиштаГлавниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19 (ГККШ) на денешната седница одлучи да ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и на Владата да ѝ предложи измена на одлуката со која учениците во основните училишта да посетуваат настава без маски, освен ако ученикот по сопствена волја не бара да носи заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува препораката за носење маски.ГККШ донесе заклучок до Владата да ја достави и препораката за физичко присуство на наставата на факултетите, со силен апел за вакцинација и на студентите и на образовниот кадар.На оваа своја седница ГККШ одлучи да ѝ предложи на Владата да ја измени одлуката за максимална исполнетост на капацитетите во затворен простор од досегашните 50% да се зголеми на 75% со задолжително носење заштитни маски и почитување на останатите протоколи за заштита од ковид.На денешната седница е прифатен и заклучокот на Комисијата за заразни болести Владата да го укине делот од протоколот за угостителските објекти со кои се бара сертификат за вакцинација за отворените простори на локалите, додека за затворените делови останува обврската за задолжително поседување сертификат за вакцинација или за прележаност од КОВИД-19.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања