Промени тема
За нас Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

МАЗЕРАТИ

media-librarym61a601gonf4eNiXBHj

Мазерати продава часовник поскап од автомобил: чини повеќе од моделот Грекале

Италијанскиот производител Мазерати во соработка со часовничарската куќа Бианке го претстави ексклузивниот часовник UltraFino Flying Tourbillon, модел со кој се одбележуваат 100 години од легендарниот знак Трозабец.Часовникот чини околу 103.400 долари, односно 81.616 швајцарски франци, што е повеќе од почетната цена на моделот Мазерати Грекале на американскиот пазар. Производството е ограничено на само 100 примероци, што дополнително ја нагласува неговата ексклузивност.Дизајнот е силно инспириран од суперавтомобилите на Мазерати. Отворениот скелетен бројчаник потсетува на тркалата на моделот MCPura, додека куќиштето и нараквицата се изработени од јаглеродни влакна, по примерот на монокок шасијата кај спортските автомобили. Под сафирното стакло се наоѓа механизмот Бианке UT01, а часовникот може да издржи оптоварување до 5.000 G.Посебен елемент е лебдечкиот турбијон изработен од титаниум Grade 5, кој производителот го споредува со моторот Nettuno V6 на Мазерати. Без ремен, часовникот тежи само 36 грама, а купувачите можат да изберат меѓу карбонска нараквица или ремен од вулканизирана гума.По повод лансирањето, Мазерати и Бианке организираат ексклузивни настани во Женева, каде што избрани гости ќе имаат можност да го тестираат моделот MCPura и да се запознаат со часовникот чија цена достигнува ниво на луксузен автомобил.

Магазин | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања