„Силувана е процедурата“: Калајџиев го оспорува постапувањето на обвинителството во случајот со мазутот
Професорот по право Гордан Калајџиев остро реагира за постапувањето во случајот со мазутот, оценувајќи дека во предметот е „силувана процедурата“ и дека, според него, веќе не станува збор само за процедурални грешки, туку за директно мешање на извршната власт и демонстрирање сила.Калајџиев посочува три спорни точки во постапката. Првата се однесува на тоа кој јавен обвинител е надлежен како повисок во однос на обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Македонија | пред 1 седмица