Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА И ТРУД

evra

Над 185 илјади евра поддршка за занаетчии и мали фирми за нови машини и алати

Министерство за економија и труд објави јавен повик за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија, како и на занаетчии, за набавка на нови машини и алати, со вкупен буџет од 11,3 милиони денари или околу 185 илјади евра.Според повикот, ќе се кофинансираат 40 проценти од оправданите трошоци, но не повеќе од 200 илјади денари по барател. Поддршката се однесува на инвестиции реализирани во текот на 2025 и 2026 година, а крајниот рок за аплицирање е 30 јуни 2026 година.Министерот Бесар Дурмиши изјави дека целта е да се помогне во модернизација на производството и зголемување на продуктивноста на домашните компании.„Продолжуваме со конкретна поддршка на домашната економија, малите бизниси и преработувачката индустрија, со јасна цел – поголема конкурентност, модернизација и отворање можности за раст и развој“, рече Дурмиши.Право на учество имаат микро, мали и средни претпријатија со мнозински домашен капитал, како и занаетчии регистрирани согласно законските прописи. Апликантите треба да имаат најмалку 12 месеци активно работење, позитивен финансиски резултат во 2025 година и подмирени обврски кон државата и вработените.Министерството најави и два нови јавни повици во рамки на Програмата за поддршка на преработувачката индустрија и општествена одговорност за 2026 година.Првиот повик предвидува кофинансирање до 70 проценти од трошоците за воведување и сертификација на стандарди, до максимум 200 илјади денари по компанија, со вкупен буџет од два милиони денари.Вториот повик е наменет за заеднички проекти меѓу компаниите и универзитетите, со буџет од пет милиони денари и кофинансирање до 70 проценти од трошоците, но не повеќе од 500 илјади денари по проект.„Поврзувањето на бизнис секторот со науката, истражувањето и иновациите е клучно за технолошки напредок, зелена и дигитална транзиција и создавање производи со поголема додадена вредност“, истакна Дурмиши.

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања