Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

misajlovski-1

Министерството за одбрана: Рекордни инвестиции во касарните, обвинувањата се извртување на фактите

Министерството за одбрана реагираше на написите и обвинувањата за несоодветни услови во Армијата, посочувајќи дека јавноста редовно се информира транспарентно и врз основа на факти, а не преку, како што наведуваат, ПР кампањи.Од Министерството истакнуваат дека сите активности се отворени за медиумите и дека граѓаните имаат право да знаат како се трошат средствата во одбраната. Воедно, изразуваат зачуденост од, како што наведуваат, навредливите квалификации упатени од Александар Насковски кон медиумите кои присуствуваат на овие настани.Во реакцијата се признава дека дел од армиската инфраструктура не е на посакуваното ниво, но се нагласува дека станува збор за објекти во кои не било инвестирано со децении, во некои случаи и повеќе од 50 години. Министерството посочува дека во моментов се вложуваат, како што велат, рекордни средства за нивна реконструкција.Се наведува дека во тек се континуирани активности за подобрување на условите во касарните, кои вклучуваат изработка на проектна документација, изградба, реновирање и адаптација на објекти за сместување и работа, како и објекти за складирање и одржување на опремата.Дополнително, се реализираат зафати за подобрување на енергетската ефикасност, целосна замена на водоводната и електричната мрежа, грејните системи, кровните конструкции и системите за противпожарна заштита, со цел објектите да бидат функционални и безбедни.За 2026 и 2027 година се предвидени околу 12 милиони евра за вакви градежни активности низ касарните во државата.Од Министерството оценуваат дека и покрај тоа што овие податоци се јавно достапни, се пласираат, како што велат, нецелосни информации со кои се искривува сликата за состојбата и вложувањата во Армијата.Во реакцијата се наведува и дека против лицето кое ги изнесува овие обвинувања се поднесени кривични пријави за повеќе кривични дела до надлежните институции.

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања