Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

Ѓорѓиевски најави можна забрана за мобилни телефони во средните училишта

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави можност за воведување забрана за користење мобилни телефони и во средните училишта во главниот град.Тој посочи дека додека бил градоначалник на Општина Кисела Вода, во училиштата веќе биле воведени правила со кои електронските уреди не биле дозволени за време на наставата, и дека општината била меѓу првите што ја примениле ваквата мерка.Според Ѓорѓиевски, во наредниот период ќе се разговара со директорите на средните училишта за утврдување нови правила за користење мобилни телефони на часовите.Телефоните би можеле да се користат само кога тоа е неопходно за наставата и со дозвола од наставникот, додека во останатите ситуации учениците ќе треба целосно да се посветат на наставата.„Онаму каде што ќе има потреба да се користат и е во согласност со наставата, ќе биде овозможено со посебна дозвола од наставниците, а сè друго ќе биде посветено на учење за време на часот“, изјави Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања