Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

НАПАД

bitpazar

Нападнато 13-годишно дете со остар предмет во парк на Бит Пазар

Денеска (18.07.2025) во 00.10 часот, во СВР Скопје, Х.Е.(45) пријавил дека на 17 јули околу 21.30 часот во парк на подрачјето на Бит Пазар, неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од неколку машки лица.Едно од лицата употребило остар предмет и му нанело повреди на детето. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 месеци

247555514_648706932808887_4536265235057398963_n

Куќниот притвор заменет со мерка притвор за нападот на градоначалничката на Скопје

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата како и одговорот на жалба, донесе решени со кое жалбата е основана и мерката куќен притвор за осомничениот С.Љ. ја замени со мерка притвор.-Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со нападот на градоначалничката на Град Скопје, кој на 12.07.2025 год. беше спроведен во судот, првично му беше определена мерка куќен притвор. Но, советот смета дека опстојуваат околностите од чл.470 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП односно Опасност од бегство и Околности кои оправдуваат дека може да го повтори делото, па заради тоа му определи мерка притвор во скратена постапка, се наведува во соопштението.По доставеното решение, од надлежната Полициска станица добиено е известување дека лицето е веќе спроведено во Затворот Скопје.

Скопје | пред 7 месеци

policija-germanija

Нов напад со нож во Германија: Петмина повредени, тројца критично

Пет лица се повредени, од кои три се во критична состојба, во напад со нож во автобус во западниот германски град Зиген, соопшти вечерва полицијата.32-годишниот напаѓач е уапсен, соопшти полицијата.Најмалку 40 лица патувале со автобус до градскиот фестивал во Зиген, на околу 75 километри од Келн, кога се случил нападот околу 19 часот и 40 минути, се наведува во соопштението.Инцидентот се случи една недела по фаталниот напад со нож во градот Солинген во западна Германија, кога напаѓачот уби три, а повреди осум лица.Осомничениот сторител, 26-годишен Сириец е во притвор. Терористичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, иако германските власти се уште ја истражуваат веродостојноста на тврдењето.Полицијата во Зиген ги повика граѓаните да не шират лажни вести на социјалните мрежи или други канали, а особено да не го поврзуваат инцидентот со терористички напад.Засега нема информации за мотивот на нападот.Полицијата и вечерва е на местото на настанот, прибира докази и сослушува сведоци.

пред 1 година

tepacka-4

(Видео) Срамна сцена во Белград: Постар маж претепа млад човек во ходникот на зградата

На социјалните мрежи се појави снимка од насилство врз малолетник наводно во станбена зграда во Нов Белград, а кое го снимиле безбедносните камери.Според информациите, младиот човек бил нападнат од постар сосед од зградата.На Инстаграм, на страницата Serbialive_beograd, во описот на видеото наводно стои изјава на родителите на нападнатиот малолетник.„Вчера околу 18 часот на улица „Генерала Жданова“ во Нов Белград, мојот малолетен син беше нападнат од сосед неиспровоцирано. Непосредно пред тоа во влезот на зградата влегло и 8-годишно дете кое за среќа не било нападнато. Каде живееме?“, напишале родителите.тинејџери.На видеото можете да видите како постар човек удира млад човек кој мирно стои во ходникот на зградата и не возвраќа и не се брани, додека друг човек ја набљудува ситуацијата. Нападот е ненадеен и агресивен, почнува со удар во стомакот, а потоа со тупаници во главата додека му се приближува лице в лице. Во еден момент напаѓачот дури го удрил тинејџерот со стап.На вознемирувачката снимка јасно се гледа како насилникот му вика на младиот човек, додека заканувачки му покажува со прст и го удира.Се истражуваат сите детали за нападот врз тинејџерот, како и можните мотиви, пишува Блиц.

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Растат тензиите на Корејскиот Полуостров: Предупредувачки истрели испукани од југ кон севернокорејските војници

Јужнокорејската армија истрелала серија предупредувачки истрели кон околу 20 севернокорејски војници кои најверојатно по грешка ја нарушиле меѓукорејската граница, соопшти денеска Генералштабот во Сеул (ГШ).Според извештаите, околу 12:30 часот по локално време во неделата, околу 20 севернокорејски војници накратко ја преминале демаркационата линија во демилитаризираната зона во централниот дел на границата, а потоа се вратиле на севернокорејската страна по предупредувањето од јужнокорејската војска, пренесува Jonhap.Војската на Јужна Кореја смета дека севернокорејските војници извршувале мисија во демилитаризираната зона и „ненамерно“ ја преминале границата.Портпаролот на јужнокорејската војска Ли Сунг-јунг изјави дека севернокорејските војници веднаш се вратиле на своја страна по предупредувачките истрели и дека Сеул верува дека немале намера да нападнат јужнокорејска територија.Инцидентот се случи само неколку часа пред Јужна Кореја да продолжи со емитување пропаганда преку звучници на границата против властите во Пјонгјанг за прв пат по шест години, како одговор на севернокорејската кампања за пуштање балони за ѓубре преку границата.Се проценува дека Пјонгјанг испратил повеќе од 1.600 вакви балони од 28 мај како одговор на летоците против Северна Кореја испратени од јужнокорејски активисти.Демилитаризираната зона меѓу двете Кореи е една од најсилно обезбедуваните области во светот, со бодликава жица и значително воено присуство на двете страни, според Јонхап.

Свет | пред 1 година

ambulanta-los-angeles

Четворица американски професори нападнати со нож во Кина

Четири визитинг професори од американски универзитет се повредени во напад со нож во парк во североисточна Кина, потврди универзитетот.Универзитетот Корнел, лоциран во американската сојузна држава Ајова, потврди за ДПА дека четворица професори, кои престојуваат во Кина како дел од партнерството со кинескиот универзитет, биле повредени „во сериозен инцидент за време на дневна посета“ на јавен парк во североисточниот кинески град Џилин.„Ние сме во контакт со сите четворица професори и им помагаме во оваа ситуација“, рече ректорот Џонатан Бренд.„Ниту еден студент не учествуваше во програмата“, додаде тој.Според пишувањата на медиумите, викендов во Градскиот парк Беишан биле избодени четворица професори.Околностите на нападот, како и состојбата на жртвите се уште се нејасни. Американскиот Стејт департмент е известен и „ја следи ситуацијата“, изјави портпаролот на прашањето за коментар.Кинеското Министерство за надворешни работи не беше веднаш достапно за коментар, ниту пак полицијата во Џилин.На кинеските социјални мрежи накратко се појавија фотографии на кои се гледа како жртвите лежат на земја облеани во крв.На Weibo, кинеската верзија на X, објавите поврзани со инцидентот најверојатно биле избришани набргу по нивното објавување.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Уапсен маж кој ранил 16-годишно девојче на Калемегдан

Белградската полиција навремено гo уапсила лицeто Саша Х. (54) коj вчера околу 8 часот тешко го ранил девојчето А.Ѓ. (16) на Калемегдан, а по наредба на Првото основно јавно обвинителство одредена му е мерка притвор до 48 часа.Девојчето било застрелано со воздушна пушка на пат кон училиште.Неофицијално, по пукањето, полицијата го идентификувала и дошла во неговиот стан, откако го ранил девојчето воздушната пушка осомничениот Саша Х. ја сокрил во плакарот во спалната соба.Огненото оружје му е одземено и приведен. Муниција била пронајдена во спалната соба.Девојката А. Ѓ. се наоѓа на Институтот за мајка и дете, каде што ќе биде оперирана бидејќи зрното и останало во ногата.Истрагата ја води Првото основно јавно обвинителство во Белград.Како што дознава „Телеграф.рс“, девојката изјавила дека била застрелана на пат кон училиште и дека не го видела напаѓачот.Таа е примена во болница во свесна и стабилна состојба.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Тројца повредени во терористички напад во Ерусалим

Три лица се повредени утринава во терористички напад во Ерусалим, извести израелската полиција, пренесува Jerusalem Post.„Утринава околу 8 часот е добиена пријава за сообраќајна несреќа и повредени тројца пешаци на улицата Течелет Мордехај во Ерусалим“, извести полицијата. Терористите со својот автомобил налетале на пешаците, а потоа излегле од возилото и го впериле оружјето кон пешаците, но потоа побегнале и го фрлиле оружјето што го имале.Окружниот командант на Ерусалим нареди мобилизација на сите расположливи ресурси, вклучително и специјалните сили, со примарна цел брзо заробување на двајцата терористи кои бегаат.https://twitter.com/nexta_tv/status/1782303920431280505?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1782303920431280505%7Ctwgr%5Ea1214994ced70238e0968e3f3f367262e4ac8f26%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fvijesti%2Fclanak%2Fpolicija-troje-ranjenih-u-teroristickom-napadu-u-jeruzalemu%2F2558529.aspx

Свет | пред 1 година

IMG_4243

Притвор и психијатриско лекување за двајцата напаѓачи на полицајци во Тетово

За двајца жители на тетовско Гајре кои вчера нападнале полицајци определени се мерки притвор и психијатриско лекување, информираат од СВР Тетово откако денеска до Основното јавно обвинителство Тетово поднеле кривична пријава против А.М.(40) и Л.М.(39). Со кривичната пријава двајцата биле изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој на А.М. му определил мерка притвор од осум дена, додека на Л.М. мерка за безбедност- задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа.-Двајцата од тетовско Гајре се пријавени поради основи на сомнение дека сториле кривични дела: напад на службено лице при вршење работи на безбедноста, казниво по член 383 став 2 од Кривичниот законик и противправно лишување од слобода согласно член 140 став 1 од КЗ, а Л.М. и за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи” казниво по член 396 од Кривичен законик, информираат од СВР Тетово.Четириесетгодишникот кој доби притвор ќе биде спроведен во КПУ Затвор “Скопје” во Скопје за издржување на мерката. Двајцата се приведени вчера откако жители на Гајре и Шипковица ги пријавиле за напад, изнуда и кражба.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања