Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

НАСИЛСТВО

media-library7kala6s7poqa80pAKOC

За две недели: 21 кривична пријава за семејно насилство, пет за родово базирано насилство и пет мерки притвор

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на последните две недели поднело 21 кривична пријава за вкупно 25 кривични дела поврзани со семејно насилство, при што шест пријави биле поднесени по брза постапка.На подрачјето на СВР Скопје, според соопштението, поднесени се и пет кривични пријави за родово базирано насилство. Од нив, три се однесуваат на делото „загрозување на сигурноста“, а две на кривичното дело „демнење“.Во истиот период се определени пет мерки „притвор“, како и една мерка „претпазливост“ на подрачјето на СВР Скопје.Како најзастапени кривични дела во делот на семејното насилство МВР ги наведува „загрозување на сигурноста“ (11 случаи) и „телесна повреда“ (10 случаи). Дополнително, регистрирани се по еден случај за „тешка телесна повреда“, „неизвршување судска одлука“, „противправно лишување од слобода“, „обид за убиство“ и „полов напад и силување“.За случајот „обид за убиство“ во Скопје од пред неколку дена, МВР посочува дека сторителот е лишен од слобода и дека се преземаат интензивни мерки за целосно документирање на настанот и за поднесување соодветна кривична пријава.По сектори за внатрешни работи, распределбата на поднесените пријави за семејно насилство е следна:СВР Скопје – 5 кривични пријавиСВР Куманово – 2СВР Штип – 3СВР Охрид – 4СВР Струмица – 5СВР Тетово – 1СВР Велес – 1МВР додава дека во наведениот двонеделен период на територијата на целата држава биле пријавени 39 настани поврзани со кривични дела со семејно насилство, како и 63 поплаки во врска со семејно насилство.Во контекст на споредбите со изминатите години, од МВР нагласуваат дека во 2025 година е забележан тренд на зголемување на бројот на изречени мерки „притвор“ во рамки на кривичните пријави по брза постапка, а тој тренд продолжува и во 2026 година, особено по законските измени.

Македонија | пред 1 ден

ambulanta

Ужасно насилство во Гази Баба: Скопјанец удирал и давел партнерка, заканувајќи и се со нож, кршејќи и ребро

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен жител на Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривични дела телесна повреда и загрозување на сигурноста, казниви согласно член 130 став 2 во врска со став 1 и член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според наводите на обвинителството, на 14 јануари, во видно алкохолизирана состојба, осомничениот ја нападнал својата партнерка во дом во скопската општина Гази Баба, каде што таа привремено престојувала. Тој ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот, а ѝ се заканувал и со нож, со кој, според пријавата, замавнал кон неа.Жртвата од натамошно насилство ја спасиле двајца други потстанари во истата куќа, кои успеале да ја извлечат од просторијата и веднаш повикале полиција. По укажаната лекарска помош, кај жената биле констатирани повеќе телесни повреди, меѓу кои и пукнатина на ребро и на градната коска.Имајќи ја предвид тежината на делото и опасноста од бегство, Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања