Поранешната антикорупционерка Билјана Ивановска е независна кандидатка за градоначалничка на Општина Центар
Платформата „Независни заедно“ ја избра поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, за нивна независна кандидатка за градоначалник на Општина Центар.Нејзината кандидатура ја поддржуваат граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „398“.Ивановска утринава се обрати на прес-конференција пред фонтаната „Лотус“ на влезот во Градскиот парк, каде официјално ја соопшти својата одлука да влезе во трката за Центар.- Ќе се борам да се воведе оној стандард 3 -50 - 300 во нашата општина, а тоа значи секој жител кога ќе се разбуди од прозор да види барем три дрва, 50 метри зеленило и 300 метри парк. Ние сме далеку од тоа, но ќе се обидеме на овој начин да влијаеме на урбанистичкиот план, истакна Ивановска.Таа денеска рече дека не била случаен кандидат, туку дека претходно била долгогодишен активист во здружувања како Одбрана на Дебар Маало, Здравјето пред профит и Шанса за Центар.
Скопје | пред 4 месеци