Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

НИНО ВАСЕВ

nino-vasev

Осум часа испрашување на вештакот за „Онкологија“ – судир околу терапијата на пациентите со карцином на јајници

Вештото лице Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор повеќе од осум часа одговараше на вкрстени прашања од одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, во судскиот процес за наводно несовесно лекување пациенти.Во фокусот на расправата беше лекот „капецетабин“ и неговата примена кај пациенти со карцином на јајници. Во своето вештачење, Равник навела дека овој лек нема индикација за лекување на рак на јајници според современите онколошки протоколи. Васев, пак, посочи дека во Македонија, врз основа на национални протоколи и клиничка студија објавена во реномирано европско списание, „капецетабин“ се користи како терапија од втора и трета линија и кај гинеколошки карциноми, како и кај уште 11 други индикации.Равник изјави дека при изготвувањето на мислењето се повикувала на меѓународни и европски протоколи и дека не направила поширока анализа на домашната литература. Доколку постојат национални протоколи поткрепени со докази, рече таа, не може да ги коментира.Одбраната ја оспори и оценката на вештакот дека одредени терапии биле неиндицирани и довеле до влошување на здравствената состојба кај конкретни пациенти. Васев посочи пример со пациентка која живеела 52 месеци, иако просечниот период на преживување за таа болест изнесува 17 месеци. Равник одговори дека ја радува долгото преживување, но останува на ставот дека дел од терапиите отстапувале од протоколите, посочувајќи го и лекувањето со „цетуксимаб“ како несоодветно за карцином на јајници.Судир имаше и околу комбинираната терапија со „перзотумап“ и „херцептин“. Равник нагласи дека давање само на еден од лековите не е оправдано, дури и во услови на недостиг, бидејќи самостојно нема соодветен ефект.На прашање од одбраната, Равник потврди дека не ги анализирала македонските национални протоколи пред да го изготви вештачењето, но оцени дека тие не би требало суштински да се разликуваат од меѓународните насоки. Таа исто така изјави дека во своите наоди не навела кој конкретен лекар го спровел третманот кај одделни пациенти, бидејќи не ја утврдувала индивидуалната одговорност.Бранителот Боби Спирковски изјави дека вештачењето нема правна валидност и дека покажува непознавање на македонските протоколи, нагласувајќи дека лекарите имаат можност, со образложение, да отстапат од нив во интерес на пациентот.Во предметот, покрај Васев, обвинети се уште двајца онколози. Судењето продолжува со сослушување на дополнителни вешти лица од Словенија, а најавено е и вклучување на експерти од Србија во наредната фаза од доказната постапка.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrgji68prph4ac9IZZES

Eксперти од Словенија откриваат пропусти во онкологија: Целокупната документација беше многу нецелосна

Судењето за случајот со несовесно лекување на Клиниката за онкологија денеска продолжи со клучни сведочења на медицински експерти од Словенија. Вештакот Маја Радник од Медицинскиот факултет во Марибор пред судот изнесе поразителни наоди по анализата на 51 медицинско досие на пациенти.Од 51 случај, само во еден бил забележан запис од мултидисциплинарен конзилиум, што е задолжително при промена на терапија.Во голем број наоди било забележано дека пациентот добивал лек, а воопшто немало запишана анамнеза, ниту извршен клинички преглед.Кај најголем дел од пациентите не биле забележани дури ни основни параметри како телесна висина и тежина, кои се неопходни за правилно дозирање на токсичната онколошка терапија.„Целокупната документација беше многу нецелосна. Промените на лекување не беа соодветно бележени и многу пати без никакво објаснување“, нагласи вештакот Радник.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

Продолжува судењето за Онкологија: Словенечки експерти денеска пред суд

Денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.На денешното рочиште ќе бидат сослушани вешти лица од Словенија, кои ги работеле медицинските вештачења за Обвинителството.Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Снежана Марковска, а за сослушување на вештите лица од Словенија се закажани повеќе рочишта неделава.Во сгласност со најавената динамика, кон крајот на март ќе треба да се почне со сослушување вешти лица од Србија, кои исто така работеле медицински вештачења за Обвинителството.Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози – Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката почна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина пред судот по што судот ја осуди на две години условна казна затвор.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања