Обид за палење на дуќан во Центар, оштетени фасадата и влезната врата
Запалива течност била фрлена врз деловен објект во скопската општина Центар, при што биле оштетени фасадата и влезната врата. Во инцидентот нема повредени лица.Од СВР Скопје информираат дека случајот бил пријавен на 28 август во 20:40 часот, а според пријавеното, инцидентот се случил околу 3:45 часот во текот на ноќта.Оштетени се фасадата и влезната врата на деловен објект, сопственост на 47-годишниот Г.П. од Скопје.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите
Скопје | пред 4 часа