Промени тема
За нас Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

ОДБОР ЗА МИР

media-libraryvu8k6ge34h6veaF2D7a

Трамп без пари за Газа: само три земји уплатиле средства

Планот на Доналд Трамп за обнова на Газа се соочува со сериозни финансиски проблеми, откако од ветените 17 милијарди долари досега се обезбедени помалку од една милијарда, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извори.Според информациите, само три земји – Обединети Арапски Емирати, Мароко и Соединети Американски Држави – навистина уплатиле средства, иако вкупно десет држави претходно дале ветувања.Средствата беа најавени на конференција во Вашингтон, каде беше претставен план за реконструкција на разурнатиот Појас Газа, кој предвидува и воспоставување на ново тело – Национален одбор за управување со Газа (NCAG), поддржан од САД.Сепак, поради недостиг на пари и безбедносни ризици, ова тело сè уште не може да започне со работа на терен.Еден од изворите наведува дека војната со Иран дополнително ја влошила ситуацијата и ги забавила напорите за финансирање.„Во моментов нема достапни средства“, изјавил палестински претставник запознаен со процесот.Од Одборот за мир ги негираат проблемите, тврдејќи дека станува збор за оперативна структура која обезбедува средства по потреба и дека сите барања досега биле исполнети.И покрај тоа, проценките покажуваат дека за целосна обнова на Газа ќе бидат потребни околу 70 милијарди долари, што значи дека сегашниот јаз меѓу ветеното и реално обезбеденото финансирање останува огромен.

Свет | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања