Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

ПАНАТИНАИКОС

media-libraryj86c7pg9oifl9HKv3cS

Барцокас за играта на Панатинаикос: „Удираат по рацете, влечат за дресови...“

Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, ги изнесе своите впечатоци на прес-конференцијата по поразот на неговиот тим од Панатинаикос во вториот натпревар од финалето на грчкото првенство.Панатинаикос победи со 68:58 и изедначи во серијата на 1:1.Барцокас истакна дека неговиот тим одиграл под очекувањата и направил многу грешки, особено во нападот, каде што, како што рече, избрзувале и се оддалечиле од својот стил на игра.„Честитки до Панатинаикос, победија заслужено благодарение на начинот на кој играа во второто полувреме. Ние правевме сè што не требаше да правиме. Влегувавме во избрзани напади, ја сфативме играта премногу лично и почнавме да играме кошарка која не е во согласност со нашите принципи, што доведе до голем број грешки“, изјави Барцокас.Тој додаде дека очекувале реакција од Панатинаикос и дека станува збор за квалитетен тим кој одговорил на предизвикот.„Ова беше втор натпревар од серијата и очекувавме реакција. За да победиш во ваква атмосфера, мораш да ги наметнеш своите принципи. Ако играш поинаку, ќе ја платиш цената“, рече тренерот на Олимпијакос.Барцокас се осврна и на грубата игра на противникот.„Тие кога играат удираат по рацете, влечат за дресови, и тогаш мораш да одговориш со повеќе додавања и да ја разоткриеш нивната одбрана. Тоа го правиме на тренинзите, но денес не останавме верни на тоа“, заклучи Барцокас.

Спорт | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања