„Од Примавера до покривот на светот“, Интер му го честиташе роденденот на Пандев
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев го прослави својот 40-ти роденден. Роденденот го прослави заедно со децата кои тренираат во Брера Струмица и доби убаво изненадување од сите во клубот. Бившиот капитен на македонската фудбалска репрезентација доби посебна честитка и од Италија.Неговиот поранешен клуб Интер му честиташе исто така со порака.„Од Примавера до покривот на светот. Среќен роденден Горан“, му напишаа од Интер клубот
Магазин | пред 2 години