Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО

media-libraryfuigvtognitncEdXOgR

ЈП „Паркови и зеленило“ предупредува: Не паркирајте под дрвјата поради силен северен ветер

Според најавата од УХМР, денеска се очекува умерен до засилен ветер од северен правец, особено во претпладневните часови.ЈП „Паркови и зеленило“ ги информира граѓаните да не ги паркираат возилата под дрвјата, со цел да се избегнат несакани последици од паѓање на гранки или цели дрвја.„Доколку забележите паднато дрво, граѓаните можат да пријават во ЦУК на тел. 112, или на дежурните телефони објавени на веб-страницата на претпријатието“, велат од ЈП „Паркови и зеленило“Денес во Скопје, како резултат на силниот ветер на шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили.

Скопје | пред 2 дена

media-library0lpcifn81ct47GaTSHu

Кисела Вода и „Паркови и зеленило“ стартуваат со голема еко-акција

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, оствари работна средба со Муамер Сефери, директор на ЈП „Паркови и зеленило“. Средбата се одржа во просториите на општината, при што беше договорена зајакната и интензивирана соработка во периодот што следи, со фокус на унапредување и одржување на јавните зелени површини.Во рамки на договореното, доколку дозволат временските услови, од понеделник Општина Кисела Вода, преку Секторот за месни заедници, заедно со ЈП „Паркови и зеленило“, ќе започнат еднонеделна интензивна акција за чистење и уредување на парковите и јавните зелени површини на целата територија на општината.Акцијата ќе се реализира со целата расположлива механизација и теренски екипи, а ќе опфати собирање на лисна маса, расчистување на паднати гранки и отпадоци, поткастрување на дрвја, сечење суви гранки, како и уредување на јавните тревници. Активностите ќе се одвиваат низ парковите и сите јавни зелени површини во Кисела Вода, а вакви акции, ќе бидат чести и во иднина.-Со директорот на ЈП “Паркови и зеленило”, Муамер Сефери, договоривме засилена соработка и конкретни чекори за подобрување на изгледот на нашата општина. Доколку временските услови дозволат, од понеделник започнуваме еднонеделна интензивна акција за чистење и уредување на парковите и јавните зелени површини, со целата расположлива механизација. Нашата цел е Кисела Вода да биде почиста, поуредена и попријатна за живеење, а ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период. Воедно, ги повикувам и граѓаните заеднички да придонесеме кон почиста животна средина, со одговорно однесување и грижа за заедничките јавни простори-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryd8btfq8b9h6tbQApj07

Украдени неколку парчиња оружје од „Паркови и зеленило“

Во СВР Скопје е пријавена тешка кражба во објект во сопственост на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 5 јануари 2026 година околу 9 часот, од јавното претпријатие било пријавено дека во периодот од 2 до 5 јануари 2026 година, во барака на подрачјето на општина Карпош, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба.При провалата, од сеф биле одземени неколку парчиња огнено оружје, кое било користено од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителите.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања