ПЛАТИ

invalidska-kolicka2

Работат со најтешките случаи, а немаат исплати ниту за мај, ниту за јуни: Персоналните асистенти заборавени додека се чека ребалансот на буџетот

И во мај, и во јуни – без денар. Персоналните асистенти, кои секојдневно се грижат за лица со најтешка попреченост, од јуни наваму работат без ниту денар надомест. Исплатата за мај доцни, јуни одамна заврши, а хонорарот го нема. Причината? Повторно се чека ребалансот на државниот буџет.Ова не е првпат да се случува, тврдат во разговор за Скопје1 дел од персоналните асистенти. Секојпат кога има ребаланс или каков било фискален застој, програмата за персонални асистенти е меѓу првите што останува во финансиска сенка.А токму тие, најчесто ангажирани преку центрите за социјална работа и преку владина програма, секојдневно се справуваат со здравствени и физички предизвици во име на своите корисници.Иако нивната работа е исклучително одговорна и бара физичка, психолошка и емотивна сила, персоналните асистенти веќе втор месец ја извршуваат без никаква финансиска надокнада. Додека државата чека усвојување на ребалансот, тие секојдневно менуваат катетри, облекуваат, бањаат, мерат гликемија и притисок, даваат терапија, преврзуваат рани и обезбедуваат прва помош – сѐ што е потребно за основно функционирање на нивните корисници,од медицински аспект. Набавка на храна, лекови, носење секаде каде што е потребно се дополнителни задачи и обврски на личните асистенти.„Работиме без прекин, јас не можам да ги прекинам обврските додека чекам државата да одлучи дали и кога ќе ми исплати, нехумано е да си го оставам корисникот, не нехумано е и ние да чекаме ова да заврши, вели за Скопје1, Марија С.Многу од асистентите стекнуваат богато искуство преку програмата, но поради ниската плата и доцнењата, ја напуштаат државата.„Јас веќе аплицирав за работа во Германија и чекам виза. Таму ќе добивам над 2.000 евра за истата работа. А веќе имам сѐ, помината обука, сертификат, знам да постапувам со слепи лица, да управувам со инвалидска количка, да дадам прва помош. Овде сме невидливи. Кога ќе дојде време за исплата, нè снемува од сите приоритети“, раскажува Сашо В.Според Министерството за труд и социјална политика, преку оваа програма досега се обучени стотици асистенти, со повеќемесечни практични и теоретски обуки. Обуките вклучуваат здравствени вештини, основи на медицинска грижа, комуникација со лица со попреченост, и интервенции при итни состојби.Во однос на актуелна состојба, односно неисплатата на хонорарите, Министерството за труд и социјална политика ја завршило својата обврска и ги проследило податоците за исплата хонорарите до Министерството за финансии. Таму, според информации на Скопје1, се чека финансиско одобрување, поради што доцнат исплатите не само за оваа категорија, туку и за вработените во домовите за стари лица, детските установи и други социјални сервиси.Што се случува со ребалансот?Дискусијата за ребалансот зпочна на 2 јули со општа дебата која траеше три дена, по што започна амандманската расправа.Во текот на расправата минатата недела, поддршка доби амандман од пратениците од власта, кој се однесуваше на обезбедување средства во износ од 50 милиони денари за исплата на надоместок на право на посебен додаток кои ги користат лицата со попреченост до 26 години и лица над 26 години старост, односно за лицата за правото на попреченост.Со ребалансот на Буџетот се врши прераспределба на средства меѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат средства за исплата на плати, пред се во Министерството за внатрешни работи, каде е обезбеден раст на платите на вработените од 10 проценти, а обезбедени се дополнителни средства и за исплата на зголемени пензии и дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи.Вкупните приходи со ребалансот се планирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а расходите на износ од 403,7 милијарди денари, што е за еден процент (околу 3,5 милијарди денари) повеќе во однос на првичните проекции со планот за годинава. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 2,8 проценти.Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП. Капиталните расходи, пак, изнесуваат 47,5 милијарди денари.Државниот долг на крајот на 2025 година, според проекциите на Владата, ќе изнесува 53,3 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на ниво од 62,1 процент.Анита Буховскифото: Unsplash

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-01-28-at-12.19.32

Пратениците изгласаа: Функционерите нема да имаат ново зголемување на платите, остануваат исти

Пратениците ги излгасаа измените на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, кој беше пуштен во скратена постапка. Со него, ги намалија коефицинетите според кои се прсметува платата, со што, нема да имаат ново покачување, туку ќе ги земаат досегашните, без разлика на просечната плата во Македонија.„Со цел да се надмине оваа ситуација и да се ограничи можноста за значително или ново покачување на платите на оваа категорија, се предлага предметната измена на законот во однос на коефициентите на бодот за утврдување на надоместокот на плата на избраните и именуваните лица“, се вели во предлогот на Законот.Новите коефициненти за пресметување плата, проверете ги тука.

Македонија | пред 1 година

244466876_1265174603930666_8619855635729761302_n

Обвинителите креваат бунт за намалувањето на платите: Вака не се придонесува во нашата независност

Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители смета дека со измените на Законите за плати на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители не се придонесува во насока на креирање на финансиска независност на Јавното обвинителство во целина согласно меѓународните стандарди.„Ова особено поради фактот дека токму постоењето на посебни закони за плати на јавните обвинители во кои е наведена забрана за какво било намалување на платите со измени во закон, треба да ја гарантира независноста на јавните обвинители во вршењето на функцијата. Примањата по основ на плата се единствени приходи на јавните обвинители, имајќи ги предвид законските ограничувања за вршење на каква било друга дејност.Здружението на јавните обвинители го поддржува повикот на Здружението на судии во врска со Законите за плати на судиите и Законот за плати на членовите на Судскиот совет и во иста насока реагира на измените во Законите за плати на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители“, велат од Здружението на јавните обвинител.

Македонија | пред 1 година

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Од септември со покачени плати, објавени секторите каде ќе има зголемување

„Од септември покачување на платите во одбраната, полицијата, образованието и детската заштита, се грижиме за сите граѓани“, вели СДСМ.Оттаму додаваат:СДСМ како одговорна партија во изминативе години донесе важни законски решенија кои значеа повеќе пари кај граѓаните и грижа за нивниот економски стандард.Со неодамна донесениот Закон за служба во Армијата се обезбедени дополнителни придобивки за војниците и вработените во одбраната, а платите во овој сектор од септември ќе се зголемат просечно по 2.000 денари.Од истиот месец следува покачување на платите на вработените во образованието и детската заштита, додека платите во Министерството за внатрешни работи ќе се зголемат за пет отсто.Со новата методологија за усогласување на пензиите, следува и рекордно зголемување на пензиите за над 320.000 пензионери.Вложувањето во човечкиот капитал, грижата за граѓаните остануваат врвен приоритет за Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ.И во време на глобална економска криза остануваме посветени на мерки и политики кои обезбедуваат повисок животен стандард и повеќе пари во секое семејство.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања