Второто породување е поинакво: Четири работи што треба да ги знае секоја мајка
Иако секое породување е различно и зависи од бројни фактори, искуството на многу жени и медицинските податоци покажуваат дека второто породување најчесто се разликува од првото по неколку важни карактеристики. Добрата вест е што мајките обично се психички и физички поподготвени, но тоа не значи дека сè е полесно.Додека првото породување може да трае и до 18 часа, второто во просек е значително пократко и често завршува за околу осум часа. Причината е што мускулите и лигаментите веќе еднаш поминале низ процесот на породување, па телото полесно се прилагодува.По првото породување, ткивата се поеластични, а грлото на матката обично побрзо се отвора. Освен тоа, жените што веќе родиле имаат поголемо искуство и подобро знаат како да соработуваат со медицинскиот тим во текот на породувањето.Според статистиките, прворотките најчесто раѓаат околу 41. недела од бременоста, додека кај второто породување бебето често доаѓа една недела порано. Секако, ова не е правило и има многу исклучоци.Многу жени чувствуваат силни грчеви во деновите по раѓањето, особено додека дојат. Тоа се должи на хормонот окситоцин, кој помага матката да се врати во првобитната состојба. Според искуствата на многу мајки, овие контракции можат да бидат поизразени по секое наредно породување.Иако второто породување најчесто поминува побрзо и со повеќе самодоверба кај мајката, експертите потсетуваат дека секоја бременост и секое раѓање се уникатни и не постои универзално правило што важи за сите жени.
Магазин | пред 3 часа