Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

претседателка

siljanovska-inaguracija-sobranie

Сиљановска Давкова не гледа причина да го свика Советот за безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во моментов не планира да го свика националниот Совет за безбедност во врска со наводите за постоење индиции за дестабилизација на државата на кои предупреди премиерот Мицковски.Најави дека седница на Советот може да биде одржана по неговото комплетирање, а темите, како што посочи, ќе бидат она за што денес се расправа глобално и во Европа, а тоа е каде оди и што се случува во светот.Не гледам дека тие наводни индиции се реалност, вели претседателката.,, Индиции за дестабилизација се едно, закани за дестабилизација се друго, но реалноста е поинаква.Реков дека нема да го свикам Советот зашто мислам дека во ова време невереме кога треба да се справуваме со пожарите како стихија, ние се соочуваме и со други закани под наводници.Не гледам дека тие закани се реалност во моментов”, изјави Сиљановска Давкова.Таа е повеќе од три месеци на функцијата, но се уште не го конституирала Советот зз безбедност. Се уште разгледува како треба да се пополни СБ.,, Мислам дека е дека е добро еден член да биде некој кој нема ништо со политика и партии, туку е експерт за климатски промени и климатска заштита. Другиот да е експерт за евроинтеграции бидејќи се што правиме е врзано со нашето враќање во Европа каде што ни е местото.И третиот треба да е експерт за глобализацијата, која веќе не е само американизација, туку гледаме мултиполарен свет, а се соочуваме и со војна што е пораз за целото човештво и за сиот свет, бидејќи и европскиот проект е мировен проект, ОН се мировен проект”, рече Сиљановска Давкова.

Македонија | пред 1 година

IMG_7555

Кого претставуваше Сиљановска Давкова, венецот на спомен плочата на Кирил и Методиј без име на државата

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова положи венец на спомен плочата на Кирил и Методиј без име на државата.Ова се случи на нејзиното прво меѓународно патување, на одбележувањето на ликот и делото на словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј во Рим.Таа постави венец, само со своето име:„Претеседател Гордана Сиљановска – Давкова“.Венеците традиционално се положуваат во базиликата „Санта Марија Маџоре“ на плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и гробот на Св. Кирил, освен нејзиното име, не стои, како секогаш името на државата. Новата претседателка не го признава уставното име на државата.Освен уставното име таа не го изговара ниту името Република Македонија.За разлика од неа, на венецот што го положи Румен Радев јасно е наведено Република Бугарија.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-13.48.07

(Видео) Грчката амбасадорка ја напушти седницата револтирана што Силјановска-Давкова не користела „северна“

Грчката амбасадорка Софија Филипиду заминала од собраниската сала каде свечена заклетва даваше новата претседателка, Гордана Силјановска-Давкова. Кога Силјановска-Давкова при свечената изјава кажуваше Македонија без придавката „северна“, тој излегол од салата.Заминувањето на грчката амбасадорка било во знак на протест, јавува грчки „Катимерини“.Кирјакос Мицотакис упати и предупредување до Скопје, по резултатот од неодамнешните избори.„Со загриженост гледам дел од изјавите на функционерите на ВМРО и ќе го чекам официјалниот став за да видам како ќе се повика на името на својата држава. Јас лично не се согласував со Договорот од Преспа. Но прифатив Договорот во контекст на континуитетот на државата и призна дека и покрај моето несогласување, истите барања постојат и сега од раководството на Северна Македонија да се слушне по изборите, ако тоа се случи, ќе имаме проблеми“, рече премиерот на Грција.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-12.35.11

(Видео) Силјановска: Ковачевски ми се јави и поразговаравме - кога ве гледамв ака, знам дека има шанса за сите нас

Новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова во својот говор од Собранието кажа дека експремиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, телефонски ѝ честитал за победата. Таа кажа дека тие разговарале, па вети дека нема да прави никакви поделби од функцијата која ќе ја извршува.„Сакам да го споменам и Ковачевски, и тој се одважи да ми се јави, а не само на Фејсбук да ми посака добредојде и успешна работа. Туку да поразговараме. Затоа мислам дека со нас жените, ќе се менувате и вие мажите политичари и Македонија ќе стане едно пристојно место за соживот на сите. Искористете го умот, искореистете го и не заборавајте ги. Така ќе ги охрабриме и оние надвор“, додаде Силјановска-Давкова.Таа додаде: „Кога ве гледам вака, знам дека има шанса за сите нас. Исто како што имаше шанса кога многу пратнеички од СДСМ ми пријдоа да ми честитаат.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања