Автобус се преврте во провалија на Канарските Острови
На островот Ла Гомера, дел од архипелагот Канарски Острови, едно лице загина, а 27 се повредени, од кои тројца потешко, откако туристички автобус се преврте по падина, соопштија локалните служби за итни случаи.Според информациите, автобусот излетал од патот и завршил во провалија, по што се превртел. Најголем дел од патниците биле државјани на Обединетото Кралство, пренесуваат агенциите.Повредените се пренесени во локална болница, а спасувачките служби изјавија дека операцијата за извлекување на патниците била сложена поради стрмниот и тежок терен.Ла Гомера е еден од помалите канарски острови, познат по планинскиот релјеф и е популарно туристичко место за посетители од Европа.
Свет | пред 6 часа