Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ПУЛС

Screenshot-2025-03-17-at-08.43.38

18 повредени од Кочани се во грчките болници - има тројца тешко повредени, едно лице е оперирано

По трагичната несреќа во Македонија и телефонскиот разговор меѓу грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во неделата наутро, со координирани акции на министерствата за надворешни работи, здравство, цивилна заштита и грчката служба за итна медицинска помош, Грција ги презеде сите чекори побарани од Европскиот механизам за цивилна заштита, велат владини извори.Вкупно 18 повредени ќе бидат згрижени во болницата Папаниколау во Солун

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-17-at-08.34.40

Во Кочани ќе се одржи протест во 13 часот, по трагедијата каде загинаа 59 лица

По трагичната несреќа во Кочани, во која загинаа над 59 наши сограѓани, на социјалните мрежи веќе кружат апели и се најавува протест во 13 часот во Градскиот парк.„Овој протест е израз на длабока болка и револт за загубените животи, но и за состојбата во која се наоѓаме како општество. Не можеме да ги вратиме нашите мили сограѓани, но сме должни да се бориме во нивна чест и за нив да го смениме овој неефикасен систем кој не обезбедува сигурност, благосостојба и праведност.Граѓаните бараат конкре

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-17-071719

(Видео) Осум повредени од Кочани се во тешка состојба, во Софија се борат за нивните животи

Вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија, изјави на прес-конференција директорот на болницата, д-р Валентин Димитров.Меѓу примени пациенти има тројца малолетници – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст од 22 до 25 години. Највозрасниот пациент има 31 година.Состојбата на сите пациенти е тешка, со изгореници на телото, горните екстремитети и ли

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-19.54.15

Згрижени се над 140 пациенти од дискотеката во Кочани - лицата префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира Кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување на соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински постапки.Во текот на денешниот ден, згрижени се над 140 паци

Македонија | пред 1 година

289281755_8308389602520189_8030493755363633206_n

Тоше отишол во дискотеката да го прослави раѓањето на синот, но не успеа да се спаси од пожарот

Триесетгодишниот Тоше Богданов е еден од 59 загинати во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Пријателите на Богданов сведочат дека тој излегол со своите пријатели заеднички да го прослават раѓањето на неговиот син.Богданов кој бил од Облешево, работел како автомеханичар и живеел со сопругата, која според неофицијални информации се породила пред неколку дена.„Тоше доби син и излезе да го прослави раѓањето на своето дете со пријателите. Сакаше да ги почести пријателите и отиде во диско, а сега

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-22.20.14

Сплотеност и солидарност - иселеници и сограѓани нудат помош за семејствата чии блиски се низ болниците во Македонија и странство

Македонката Тамара Ангеловска која студира и живее во Бугарија самоиницијативно се пријави за помош на семејствата чии деца се однесени на лекување во болниците во Бугарија. Преку јавен повик Тамара остави и контакт телефон каде може да ја побараат доколку семејствата имаат потреба од било каква помош.Помош понудија и граѓани во Скопје, но и наши иселеници.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-07.19.27

Најнова информација: Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица, 3 се во тешка состојба

Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица.„Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе поднесен за 8 лица, додека останатите 3 се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Постапката во однос на нив ќе продолжи веднаш кога состојбата ќе им се подобри. Дејствија продолжуваат да се преземаат за испитување на одговорност на повеќе лица“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

panco

Панчо од ДНК е вон животна опасност и префрлен е во Систина

Седум члена на ДНК се меѓу загинатите во трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани.Пејачот на ДНК, Владимир Блажев Панчо, кој е со изгореници, но вон животна опасност е префрлен во приватната клиника Систина.Панчо е сместен на одделението за интезивна нега.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-19.59.34

Ова се деталите: Големи пропусти во дискотеката каде загинаа 59-лица, се бара краток притвор за 10 лица

Десетици пропусти се пронајдени во првите часови од увидот во дискотеката каде загинаа 59-лица. Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски кажа дел од нив посочувајќи дека „пропустите се навистина многу големи“. Краткорочен притвор ќе се бара за 10 лица.„Од увидот на јавните обвинители, заедно со инспектори на ДЗС беше констатирано дека објектот немал хидрантска мрежа ниту хидрант во близина, имало само два ПП апарати, имало само една импровизирана метална врата, која била заклучена со катанец

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-19.54.15

Родителите ќе дозволат обдукција на телата на нивните деца

Се смири тензијата во Кочани откако се договорија родителите и обвинителите. Родителите ќе дозволат да се изврши обдукција врз телата на нивните деца.Обвинителката им објаснуваше на револтираните родители дека тоа е законска процедура и мора да има обдукција.По идентификацијата и обдукцијата, телата ќе бидат предадени на семејствата.

Македонија | пред 1 година

bektesi

Ексминистерот Крешник Бектеши на распит во станица: како е издадена фалсификуваната лиценца на дискотеката каде загинаа 59 лица?

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, е на распит во полициска станица, откако истрагата утврди дека дискотеката во која изгореа 59 лица, имала фалсификувана лиценца за кабаре.Лиценцата излегла од министерството со оригинален печат, како што кажа премиерот Христијан Мицкоски, а документот добил и архивски број. Но, во книгата каде се забележува што претставува документот под тој број, стоело комуникацијата со странски инвеститор“.Бектеши како прв човек на Министерството, ќе треба да објас

Македонија | пред 1 година

afgasdg

Уште двајца од тимот на „ДНК“ загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани

Игор Велков, тонецот на групата „ДНК“ и бит-боксерот Мартин Атанасовски познато како Мартин Буцо, се меѓу загинатите во дискотеката „Пулс“. Вкупно, досега има шест жртви кои доаѓаат од редот на изведувачите.Од бендот на ДНК досега е потврдена смртта на клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горги Горгиев и придружниот вокал Сара Пројковска.Владимир Блажев-Панчо е во болница на кислородна поддршка, со изгореници по телото.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-18.54.56

Тројца пациенти од болницата „Жан Митрев“ се критично, ќе бидат пренесени во странство

Седум пациенти се згрижени во Клиника Жан Митрев, за критичните се очекува да бидат преземени и да биде организиран трансфер во странство.„Во овие критични моменти, Клиниката Жан Митрев е целосно посветена на обезбедување итна и најквалитетна медицинска грижа за сите погодени од несреќата. Во моментов, кај нас се згрижени седум пациенти, од кои тројца се во животозагрозувачка состојба и се интубирани. Нашиот медицински тим вложува максимални напори за нивна стабилизација и се очекува да бидат пр

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-18.24.09

Мицкоски е спремен за морална одговорност, но не поднесува оставка и ќе го поразува корумпираниот систем

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека не планира да поднесе оставка, иако најави морална одговорност. Тој рече дека прво ќе се бори со корумпираноста на системот, па ќе оди на избори.„Прво ќе ги поразам сите кои го доведоа овој систем да биде корумпиран, и нивните слуги, а потоа, ќе излеземе на избори пред граѓаните и тие се најголемата морална потврда“, рече Мицкоски и додава:„Моралната страна кај мене постои. Осум месеци работам за да го поразам корумпираниот систем. Прво ќе го поразам овој с

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-18.40.05

Фалсификувана била лиценцата за кабаре која ја имала дискотеката, а лага е дека полицијата ги затворила вратите

Дискотеката „Пулс“ немала документ за работа, односно лиценца, цела година, рече премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека дискотеката функционрала со лиценца која била фалсификувана – односно, имало оригинален печат, ама била издадена под архивски број, кој во книгите на Министерството за економија бил заведен документ со назив „комуникацијата со странски инвеститор“. Ова значи дека дискотеката немала легална лиценца за кабаре.„Не е точно дека полицијата ги затворила вратите. Полицијата не би

Македонија | пред 1 година

Foto

Сиљановска во неверување: Сите сме во шок, и самата сум шокирана: како мајка, како човек, како претседателка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати до граѓаните, по повод трагедијата што рано утрово се случи во Кочани.Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова:Почитувани сограѓани,Сите сме во шок, и самата сум шокирана: како мајка, како човек, како претседателка. Сè уште не можам да поверувам дека ужасната трагедија во Кочани е реалност.Не знам со кои зборови да им изразам сочувство на родителите и најблиските на погинатите. Вашата неизмерна бо

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-13.12.17

Сестрата Лепа Тасева пронајдена меѓу загинатите

Лепа Тасева, сестрата на повредената Марија Тасева, попладнево е пронајдена меѓу загинатите лица во пожарот во кочанската дискотека. Нејзиниот татко, кој ја бараше во болниците во Скопје, објави дека за жал, неговата Лепа е меѓу загинатите.Марија, 20-годишна девојка која е една од повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, сведочеше дека во моментот на пожарот настанала гужва и дека излегувајќи надвор паднала на земја.Сите почнаа да трчаат надвор.Сите гледаа да се спасат. Сестра ми е изгуб

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-07.49.25-1

Андреј од ДНК излегол, па влегол да спасува заглавени во дискотеката - но не успеал, раскажуваат пријатели за медиумите

Анреј Горгиевски од дуото „ДНК“, настрадал влегувајќи да спаси заглавени гости, меѓу кои и деца. Влегол за да ги извлече, но не успеал, раскажуваат негови пријатели за повеќе медиуми. Според пишувањата, тој еднаш излегол надвор, а вториот пат, не успеал, бидејќи врз него паднал дел од таванот.Горгиевски останал заглавен со уште други десетици лица, меѓу кои и малолетници. Зад него ги остави семејството и десет годишната ќерка Јана. На препознавање била сопругата, но и мајката. Неговото тело е да

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-10.37.10

Семејствата не даваат телата на нивните блиски да се носат во Србија на обдукција

Во Општата болница во Кочани пристигнаа околу триесетина возила од погребни претпријатија и од Армијата на Република Македонија. Тие треба да ги транспортираат телата на загинатите во пожарот на обдукција во Скопје, јавува дописникот на МИА од Кочани.Меѓутоа, оваа одлука предизвика револт кај роднините и блиските на починатите. Тие спонтано го блокираа влезот во болницата, изразувајќи незадоволство и несогласување со префрлањето на телата во главниот град.Засега, официјалните институции не дадоа

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-10.37.15

(Видео) Тензично е во Кочани, семејствата ги бараат телата на починатите

Во Кочани е тензично.Дел од родителите чии деца во текот на изминатата ноќ загинале во пожарот во дискотеката бараат нивните тела да им бидат предадени веднаш, да не се чека натамошна обдукција.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-10.39.15

Се организира авионски транспорт за најтешко повредените во дискотеката во Кочани

Министерството за здравство информира дека во моментот се организира авионски транспорт за најтешко повредените во страотниот пожар во дискотеката во Кочани.Пет пациенти се упатуваат на лекување во Бугарија, од кои двајца се од Хируршката клиника ,,Св. Наум Охридски” и тројца од ТОАРИЛУЦ.Во Турција на лекување ќе се упатат тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ и шест од ГОБ ,,8 Септември”.За Грција со возила на ИМП се транспортирани тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ.Со возила на ИМП ќе бидат транспортирани уште

Македонија | пред 1 година

pance

(Видео) Меѓу загинатите има тројца малолетници, а 20 се повредени - 22 лица се во критична состојба

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кажа дека меѓу загинатите има тројца малолетници. Тој посочи дека 22 лица се во критична состојба.„Досега се утврдени 20 малолетни лица, и три починати малолетни лица. Во дискотеката имало негде, според првичните информации околу 500 лица, околу 250 лица се продадени согласно информациите кои ги имаме. Имињата на починатите, по завршување на идентификацијата ќе бидат доставени до семејството. Идентификувани се најголем дел од жртвите. Сите тела се

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-15.41.07

(Видео) Уапсени повеќе од 20 лица, меѓу кои организатори на кобната забава во дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски соопшти дека 20 лица се уапсени. Дискотеката имала две нелегални лиценци, кои биле фалсификувани. Истите се издадени во 2024 година.„МВР до овој момент, во врска со овој кривично правен настан има осомничено повеќе од 20 лица. Околу 15 лица се во полициска станица. Дел од осомничените се починати, дел се во болница. Четири лица имаме обезбедено во болница, два члена на бендот, син на сопственик на дискотека, и управител на правното лице кое ја мена

Македонија | пред 1 година

484801008_572687059119192_4884656761728714636_n

Сара Пројковска, пратечки вокал во ДНК, е меѓу загинатите во кочанската дискотека

Сара Пројковска, е меѓу загинатите во трагичниот настан во кочанската дискотека. Ова го потврдија од Факултетот за музичка уметност во Скопје.„Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонр. проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица…“, се вели во објавата на социјалните мрежи.И Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избув

Македонија | пред 1 година

Screenshot_59

Загина и Андреј од „ДНК“

Андреј Ѓорѓиески, познат Акако ндреј од „ДНК“, е еден од загинатите во клубот „Пулс“ во Кочани. Тој е една од 59-те жртви во страшната трагедија. Има и други лица во многу тешка состојба и за жал, се очекува оваа бројка да се искачува.Владимир Блажев-Панчо има изгореници на лицето и рацете, и е на кислородна поддршка. Тој засега е вон животна опасност.Досега потврдена е смртта и на музичарот Филип Стевановски од Куманово, кој е член на бендот на дуото ДНК.Претходно беше објавено дека загина и та

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања