Научниците генетски модифицираа растение слично на тутунот за производство на лек против рак
Научници од Универзитетот во Копенхаген успеале генетски да модифицираат растение сродно на тутунот за да произведува паклитаксел – скап лек за хемотерапија што се користи во лекувањето на повеќе видови рак. Резултатите од истражувањето биле објавени во ноември во научното списание „Nature Chemical Biology“.Паклитакселот е еден од често користените лекови за лекување рак на дојка, јајници, грло на матката, назофаринкс и белите дробови. Станува збор за природна супстанција што ја спречува делбата
Свет | пред 54 минути