Започна гласањето на болните, затворениците и лицата во установи за грижа
Во пресрет на утрешниот главен изборен ден, денес се спроведува гласањето на болните и немоќни лица, лицата на издржување затворска казна или во притвор, како и оние сместени во установи за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).Според податоците, вкупно 8.848 болни или немоќни граѓани ќе го остварат своето избирачко право во текот на денешниот ден.Во 14 казнено-поправни установи низ државата гласаат 2.162 лица кои се на издржување затворска казна или во притвор.Дополнително, 442 лица сместени во установи за вонсемејна грижа го користат своето право на глас во 13 центри низ Македонија.Од ДИК информираат дека гласањето започна во 7 часот утрово и ќе трае до 19 часот, под исти услови и правила како и редовното гласање што ќе се одржи утре.Оваа фаза на гласање е дел од предвремените изборни активности за локалните избори 2025 година и овозможува сите граѓани, без оглед на нивната здравствена или институционална состојба, да го остварат своето уставно право на глас.
Македонија | пред 3 месеци