(Видео) Трагедија во Род Ајленд: Три лица убиени, тројца повредени во пукање на хокеарски натпревар
Три лица, вклучувајќи го и наводниот напаѓач, се убиени вчера кога вооружен човек отвори оган на лизгалиште за хокеј на мраз во градот Патуксент, Род Ајленд , за време на младински натпревар, според локалните власти.Тројца други се повредени и се во критична состојба. Шефицата на полицијата во Патуксент, Тина Гонсалвес, на прес-конференција изјави дека „имаме најмалку три лица мртви“, вклучувајќи го и осомничениот. Тројцата повредени се однесени во болница и се во „критична состојба“, рече таа.
Свет | пред 4 месеци