(Видео) Мечка забележана на паркинг во Ростуше
Вчера во попладневните часови, жителите на Ростуше забележале мечка на паркинг простор во селото. Инцидентот предизвикал страв и вознемиреност меѓу локалното население.Според очевидци, мечката била забележана додека шетала меѓу паркираните возила, а кучиња почнале да ја лаат, по што таа се повлекла.Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета. Жителите апелираат на претпазливост, особено во вечерните часови.
Настани | пред 6 часа