„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

РУТЕ

rute1

Ќе се вклучи ли НАТО во војната против Иран

Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата нема да учествува во воените операции против Иран и дека станува збор за кампања предводена од САД и Израел.На прашање на BBC дали силите на НАТО ќе бидат вклучени во операциите, Руте одговори:Не, јасно е дека ова е кампања што ја предводат Американците и Израелците.“Тој додаде дека сојузниците на НАТО и „пријателите во регионот“ моментално се изложени на „неселективни напади“ од Иран и дека во тие околности прават сè што можат.Руте истакна дека Европа „апсолутно ги поддржува“ американските акции, нагласувајќи дека Иран претставува „закана“ за Европа, Израел и поширокиот регион, и дека Европа „навистина го засилува ангажманот“ по операциите спроведени за време на викендот во Иран.Изјавата следува во време кога конфликтот помеѓу Иран, од една страна, и Израел и САД, од друга, се интензивира. По почетните американско-израелски удари врз цели во Иран, Техеран возврати со ракетни и дронски напади кон израелски и американски цели во регионот.Во конфликтот се вклучи и Хезболах, кој од јужен Либан изврши напади врз Израел, на што Израел возврати со удари врз цели на таа група. Поради влошувањето на безбедносната ситуација, повеќе западни држави, вклучувајќи ги САД, ги повикаа своите граѓани да го напуштат Либан.

Свет | пред 2 минути

Screenshot-2025-01-21-at-17.48.41

Марк Руте во прва официјална посета на Скопје како генерален секретар на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе биде домаќин на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој пристигнува во својата прва официјална посета на земјава откако застана на чело на Алијансата. Според најавите, Руте ќе оствари средби со државниот врв и ќе присуствува на армиска показна вежба.Работната агенда ќе започне во Кабинетот на претседателката, каде што Руте ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести. Предвидена е тет-а-тет средба меѓу Сиљановска-Давкова и генералниот секретар, по што ќе следи пленарен состанок меѓу македонската делегација и делегацијата на НАТО. Во попладневните часови е закажана заедничка прес-конференција на која ќе бидат соопштени деталите од разговорите.Покрај средбата со шефицата на државата, Руте ќе има интензивна агенда и со останатите носители на извршната и законодавната власт. Планирани се официјални разговори со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието Африм Гаши.Како дел од безбедносниот сегмент на посетата, генералниот секретар ќе присуствува и на специјална показна вежба на Армијата, што се оценува како симболична потврда на соработката меѓу земјава и Алијансата.Ова е прво доаѓање на Марк Руте во Скопје во својство на генерален секретар на НАТО. Тој претходно престојуваше во Македонија во ноември 2021 година, тогаш како премиер на Холандија. Последната посета на прв човек на Алијансата во земјава беше во 2023 година, кога во официјална посета престојуваше неговиот претходник Јенс Столтенберг.

Македонија | пред 4 часа

mark-rute-1

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во вторник доаѓа во официјална посета на земјава

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во вторник (3 март) доаѓа во официјална посета на земјава.Домаќин на Руте ќе биде претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Предвидено е да се сретне и со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието Африм Гаши. Руте ќе присуствува и на показна вежба на Армијата.Ова е прва посета на Руте како генерален секретар на НАТО на Скопје. Тој беше во земјава во ноември 2021 година како тогашен премиер на Холандија.Во 2023 година во официјална посета на Македонија престојуваше тогашниот прв човек на НАТО Јенс Столтенберг.

Македонија | пред 4 дена

rute1

Подготвеноста на Путин да жртвува војници е лудо однесување, бидејќи Русија не победува, вели шефот на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека „диктаторот во Москва“ е подготвен да дозволи загинување на голем број свои сограѓани во војната против Украина, оценувајќи дека таквиот пристап мора сериозно да се сфати.„Тие не победуваат. Остваруваат многу мали придвижувања во Доњецк и на други места, толку мали што се речиси без значење“, изјави Руте, осврнувајќи се на актуелната состојба на фронтот.Според него, подготвеноста на рускиот претседател Владимир Путин да ги жртвува сопствените војници претставува сериозен сигнал. „Тоа е лудо однесување на секое ниво“, нагласи генералниот секретар на Алијансата.Руте порача дека меѓународната заедница, а особено земјите членки на НАТО, мора да обезбедат континуирана и засилена поддршка за Украина. „Она што треба да го направиме овде, во оваа сала, е да обезбедиме тие луѓе, кои се истрајни, кои се бранат и кои никогаш нема да се откажат, да ја добијат офанзивната опрема што им е потребна“, истакна тој.Изјавата на Руте доаѓа во момент кога војната во Украина продолжува со висок интензитет, а западните сојузници разгледуваат нови пакети помош и дополнителна воена поддршка за Киев.

Свет | пред 2 седмици

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп разговарал со Руте за Гренланд, најавена средба во Давос

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал многу добар телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во врска со прашањето за Гренланд.Трамп соопшти дека е постигнат договор за одржување состанок на повеќе страни во Давос, Швајцарија, на маргините на Светскиот економски форум, но не прецизираше кои учесници ќе бидат присутни на разговорите, пренесува Ројтерс.„Како што на сите им е многу јасно кажано, Гренланд е од клучно значење за националната и светската безбедност, околу тоа сите се согласуваат“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Трут соушал.Американскиот претседател и претходно изјави дека САД за време на овонеделниот Светски економски форум ќе разговараат за преземање на Гренланд, оценувајќи дека Данска, според него, не е во состојба соодветно да ја заштити таа територија.

Свет | пред 1 месец

rute1

Генералниот секретар на НАТО предупредува: Ослабена Европа значи поголем безбедносен ризик

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска повика на продолжување и зајакнување на поддршката за Украина, предупредувајќи дека Европа би можела да се соочи со зголемени безбедносни ризици доколку покаже колебливост и ослабена решителност.Руте истакна дека Украина мора да остане силна и способна да се брани, со цел да се спречат, како што рече, можни обиди на рускиот претседател Владимир Путин да го загрози НАТО. Според него, стабилна и отпорна Украина претставува клучен елемент за безбедноста не само на Источна Европа, туку и на целата Алијанса, пренесе Ukrinform.Во своето обраќање, Руте ја нагласи и потребата земјите членки на НАТО да ги зголемат издвојувањата за одбрана, во согласност со обврските договорени на самитот на Алијансата одржан во Хаг во јуни. Тој оцени дека зголемените инвестиции во одбранбениот сектор се неопходни за одржување на кредибилитетот на НАТО и за соочување со актуелните и идните безбедносни предизвици.Руте порача дека само преку единство, континуирана поддршка за Украина и јасна политичка и воена решителност, Европа и НАТО можат да обезбедат долгорочна стабилност и безбедност на континентот.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања