(ФОТО) Како изгледала Сенида пред 21 година
Пејачката Сенида Хајдарпашиќ - Сенидах, на Инстаграм објави фотографија од тинејџерските денови кога имала 16 години.Таа е фотографирана на плажа во црн костум за капење.„Прв ден од летото, пред 21 година“, стои во описот на фотографијата.Да потсетиме, Сенида е родена 1985 година во Љубљана. Нејзините родители се од Црна Гора, па во една прилика зборуваше за своето семејство.„Во мене има измешан црногорски и словенечки сензибилитет. Иако сум родена во Љубљана, голем период од моето детство поминав во Црна Гора и тоа многу ми значеше. Црногорската страна е опуштена, социјална, спонтана, додека словенечката страната е поработна, организирана и деловна“, рече таа.
Магазин | пред 3 години