Скарамучи: Орбан бил дел од „фанатичната група“ на Трамп
Поранешниот директор за комуникации на Белата куќа, Ентони Скарамучи, изјави дека Виктор Орбан, кој по 16 години на власт ги загуби парламентарните избори, припаѓал на „фанатичната група“ околу американскиот претседател Доналд Трамп.Скарамучи оцени дека Трамп би можел да го обвини американскиот потпретседател Џеј Ди Венс за изборниот пораз на Орбан. Венс, потсетено е, минатата недела престојуваше во Будимпешта каде учествувал во кампањата за реизбор на Орбан.Тој изјави дека Трамп го гледал Орбан како дел од своето „политичко семејство“ и додаде дека постои можност американскиот претседател да го смета Венс за одговорен, поради неговото учество во кампањата.
Свет | пред 1 ден