„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

сокол

Screenshot-2025-02-27-at-20.23.18

Ексдиректорот на затворот во Шутка осуден на затворска казна, другите вработени на условна за давање на погодности вон закон на затвореници

Основниот кривичен суд Скопје ја објави пресудата за предметот со КОК бр. 98/25, кој се однесува на злоупотреби сторени од вработени во КПУ Затвор Скопје. Судот ги огласи обвинетите за виновни за кривичните дела што им се ставаа на товар, оценувајќи ги сите олеснителни и отежителни околности.Поранешниот директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов – Сокол, е осуден на казна затвор во траење од осум месеци за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување. Судот утврди дека делото е сторено во соизвршителство и во продолжено траење.На обвинетиот П.А., исто така за злоупотреба на службената положба и овластување, му е изречена условна осуда од шест месеци затвор, која нема да се изврши доколку во рок од две години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.Обвинетиот Ѓ.Р. е огласен за виновен за кривичното дело несовесно работење во службата и му е изречена условна осуда од три месеци затвор, со рок на проверка од една година. Иста санкција, условна осуда од три месеци затвор со рок од една година, судот му изрече и на обвинетиот С.П. за истото кривично дело.За обвинетиот Т.Н., кој беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и за несовесно работење во службата, судот утврди единствена санкција – условна осуда од осум месеци затвор, која нема да се реализира доколку во наредните три години не стори ново кривично дело.Обвинетиот Е.О. е осуден за несовесно работење во службата и му е изречена условна осуда од шест месеци затвор, со рок на проверка од две години, додека обвинетиот К.В. доби условна осуда од три месеци затвор со рок од една година.Пресудата не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелациониот суд Скопје.Претходно, Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на затворот „Скопје“ и против повеќе затворски надзорници и полициски службеници. Според обвинението, осум лица беа опфатени со постапката, додека за две лица истрагата беше запрена поради недостиг на докази.Од обвинителството информираа дека првообвинетиот, во својство на директор, заедно со двајца полициски службеници, како соизвршители, сторил продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Дополнително, еден од полициските службеници е обвинет и за несовесно работење во службата, кривично дело за кое се обвинети и останатите петмина службеници.Според наводите во обвинението, во периодот од март до јули 2024 година, обвинетите со умисла извршиле повеќе меѓусебно поврзани дејствија при вршење на службените овластувања, со што на петмина осуденици им овозможиле незаконски погодности. Осудените биле спроведувани до своите домови и до други локации за приватни потреби, спротивно на пропишаната постапка за спроведување лица лишени од слобода надвор од казнено-поправна установа.Истрагата за овој предмет беше отворена во февруари годинава против десет лица, но за две од нив постапката беше запрена поради немање доволно докази.

Македонија | пред 7 часа

Sokol

Лефков: Судот под плаштот на СДС, Филип Андов Сокол наместо да определи притвор само му одзема пасош, му отвора ли пат да избега?

„Судот под плаштот на СДС, Филип Андов Сокол наместо да му определи притвор само му одземал пасош, му се отвора ли патот да избега?“, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Не е чудно зошто СДС грчевито се бори за корумпираните судии и ги брани со последни сили. Тие се последниот бедем на нивната криминална империја.Корумпираните судии кои го пуштија на слобода Филип Андов Сокол кој шетал притвореници осомничени за тешки кривични дела како да се на екскурзија, се одговорни ако тој се даде во бегство.Со што судот се убедил дека Филип Андов Сокол кој шетал опасни затвореници низ Скопје, наместо да бидат во ќелија, нема да се впушти во бегство?Ова се истите судии кои го ослободија убиецот на Фросина, судиите кои под влијание на Наќе Ѓеоргиев и Иџет Мемети му дадоа поблага казна на Боро Марлборо, судиите кои ги чуваат криминалците од СДС. Ова се судиите кои во своите домови имаат штабови на СДС. Од ова е јасно зошто мора да има реформи во судството.Со вакви одлуки довербата во судството ќе го пробие дното. Ќе нема ниту еден граѓанин кој ќе верува.

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања