СООБРАЌАЈ

magla

Намалена видливост поради магла на планинскиот премин Плетвар

Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 70м. има на планински премин Плетвар, извести АМСМ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-08-at-09.56.05

Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ (Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18), и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 302/20 и 122/21), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира:За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.За моторни возила со погон на четири тркала (4x4):- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.За моторни возила кои надминува 3.500 кг:- зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.- пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Македонија | пред 1 година

preseka

Забраната за тешки моторни возила на патниот правец Кратово – Пробиштип е прекината

Забраната за тешки моторни возила на патниот правец Кратово – Пробиштип е прекината, соопшти АМСМ.Сообраќајот е дозволен за сите типови возила.

Македонија | пред 1 година

7625e0ff-b473-4375-a60f-6c6cfea87944

Села во кратовско од вчера немаат струја, отежнато движењето на возилата поради снегот на патниот правец Пробиштип - Страцин

На подрачјето на Општина Кратово од утринава има врнежи од снег. Висината на снежната покривка во градот на улиците и на регионалниот патен превец Пробиштип - Страцин е околу 5 см со што е отежнато движењето на возилата, извести ЦУК.Не терен се излезени вработените на Јавното претпријатие Кратово и со трактор со корпа се чистат улиците во градот. Од ЈП Македонија пат-Пункт Страцин велат дека очекуваат да пристигне камион-чистач од Крива Паланка и ќе започнат со чистење на овој патен правец.Во низинските села висината на снежната покривка е околу 5 см. и задолжителна е зимска опрема. Во планинските села односно на патниот правец Кратово-село Каврак висината на снежната покривка е од 15 до 25 см со што сообраќајот се одвива отежнато со теренски возила со зимска опрема.Селата Трновец, Талашманци и Крилатица од вчера немаат електрична енергија и од ЕВН известуваат дека екипи се на терен за да го лоцираат дефектот.

Македонија | пред 1 година

avtopat-1

Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце се пренасочува

Поради технички проблеми на терминалот од косовска страна, сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце (БП Дизел) се пренасочува, извести АМСМ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-28-145558

24-часовен протест на патот Зрновци – Пониква, сообраќајот се одвива по една лента

АМСМ известува дека од 05:30 часот на регионалниот пат Зрновци – Пониква поточно кај местото викано „Белска крстосница“, околу 50 граѓани со 20 патнички возила отпочнале со 24 часовен јавен протест кој ќе трае и во наредните неколку денови.Сообраќајот се одвива по една коловозна лента према Пониква и према селото Бели.

Македонија | пред 1 година

ursula-1

Посебен режим на сообраќајот денеска во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска поради официјална посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 1 година

skopje-ulica-soobrakaj-koli

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска во периодот од 15.00 до 17.00 часот, поради одржување на протестен марш од страна на коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-10-9310PM

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања